23 Април, 2024
0.0337

ИМА НЕВРАБОТЕНИ ПРАВНИЦИ, ЕКОНОМИСТИ, ПРОФЕСОРИ: Што се бара и што се нуди на пазарот на труд?

Објавено во: Економија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Меѓу невработените луѓе во земјава има правници, економисти, професори. Матурантите од гимназија се најбројни од невработените со завршено средно образование, велат од Агенцијата за вработување, а на пазарот на труд, според објавните огласи од работодавачите се бараат работници од различни профили. За некои од работните позиции е потребно високо, а за некои само завршено средно образование.

Од ден на ден бројот на слободни работни места се менува, но во земјата има по неколку илјади работни места кои треба да се пополнат.

„Согласно податоците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,  во евиденција на невработени лица според степенот на образование, евидентирани се невработени лица од различни профили меѓу кои: дипломиран правник, дипломиран економист, професор по одделенска настава на македонски јазик, професор по одделенска настава на албански јазик, дипломиран социјален работник, дипломиран психолог. Матурантите од гимназија се најбројни од невработените со завршено средно образование, потоа следат економски техничар, машински техничар, конфекциски техничар, прехранбен техничар, продавачите се најбројни од невработените лица со непотполно средно образование,  бравар, машино бравар, конфекционер, автомеханичар и други. На веб страната на Агенцијата за вработување постојано се ажурираат податоците за огласените потреби за работници од страна на работодавачите, односно податоците за слободни работни места. На дневна основа во просек  се активни помеѓу 6.000 и 7.000 слободни работни места и тој број постојано се менува“, објаснуваат од Агенцијата за вработување.

Работодавачите огласиле слободни работни места за програмери, сметководители, економисти, комерцијалисти, администратори, продавачи, шивачи, келнери,  возачи, кројачи, армирачки работници, градежници,  општи работници и други профили.

Зоран Попчески кој долги години посредувал при вработување вели дека во земјава кадри за пазарот на труд се создаваат стихијно.

„За некои профили има хиперодукција, а за други фалат кадри. Има голема конкуренција, но квалитетот е веќе друга приказна“, вели тој.

Смета дека државата треба да го организира образованието, и да се прават суштински реформи со цел да се продуцираат кадри какви што се потребни на пазарот на труд и тие да бидат квалитетни. На почетокот од минатата година во земјава имало 104.409 невработени, а на крајот на 2020 година оваа бројка пораснала на 156.432 лица.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик