20 Април, 2024
0.0334

Има ли „војна“ во Финансии - Ангеловска демантира дека забранува комуникација со Димитриевска

Објавено во: Финансии 08 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Неколку портали пренесоа дека министерката за финансии Нина Ангеловска испратила, како што велат, скандалозен допис до вработените во Министерството за финансии, со кој им забранува да комуницираат со дополнителната заменик-министерка Гордана Димитриеска-Кочоска.

Од Министерството за финансии, пак, за Фактор, ја демантираат оваа информација. Велат дека станува збор за нормални процедури за работа, а не за завера кон дополнителната заменичка.  

Дописот, се наведува во медиумските текстови, бил испратен рано утрото по стапување на должност на Димитриеска-Кочоска, изгласана во Собранието како член на техничката влада, а во согласност со Пржинскиот договор.

Димитриеска-Кочовска е изгласана на предлог на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Порталот Инфомакс го пренесе, како што тврдат, дописот од министерката.

Со ова, пишуваат порталите, „Ангеловска ги принудува вработените во МФ на непослушност, односно да не ги примаат наредбите од дополнителната заменик-министерка Димитриеска-Кочоска без претходно таа да ги одобри“. Уште и додаваат дека „всушност вработените вака се принудени да прават кривично дело, а од друга страна, се саботира работата на Димитриеска-Кочоска“.

Но, од Финансии со спротивен став.

„Транспарентноста е приоритет на Министерството за финансии и Владата. Од таа причина, а и со цел точно да ја информираме јавноста - ги демантираме наводите изнесени во дел од медиумите дека била „забранета комуникација на вработените со техничката дополнителна заменик министерка за финансии“.

Организацијата на работата на Министерството за финансии, како и кај секој државен орган, е точно утврдена и пропишана со Процедури за работа. Согласно Процедурите за работа, вработените го работат предметот, го доставуваат до раководното лице на одобрување, а потоа до Кабинетот на одобрување - што е пракса години наназад. Структурата на изработка и проверка на предмети постои токму со таа цел - проверка и точност на податоци.

Обидот да се претстави пропишаната процедура за работа како завера од страна на одредени медиуми, не го гледаме како ништо друго освен обид за политичко поентирање преку лажни вести. Тоа е спротивно на интересот на Министерството за финансии јавноста да биде навремено и точно информирана. 

Во интерес на институцијата, вработените и првенствено - ГРАЃАНИТЕ, се надеваме на конструктивна соработка со техничката дополнителна заменик министерка и нејзините соработници“, велат од Министерството за Финансии. 

А денеска Министерката Ангеловска објави фотографија од заедничка средба со дополнителната заменичка, која, вели е за добредојде. 

„Првичен состанок за добредојде со дополнителната заменик министерка Гордана Димитриевска Кочовска и заменик министерката Ширет Елези.

Поразговаравме за периодот кој следи, за претходните искуства во реалниот сектор...

На крајот на денот верувам дека сите го сакаме најдоброто за нашата земја, економски раст и прогрес“, пишува министерката на фејсбук. 

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин