07 Декември, 2024
0.0276

ИМА ЛИ РЕШЕНИЕ ЗА ПРОБЛЕМИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ?! - опозиционерите обвинуваат „прекршен е деловникот“, за Славески одлуката е легитимна

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески вечерва изјави дека се соочува со опструкции од градоначалничката и администрацијата на Град Скопје, при носењето на одлуки.

- По иницијатива на Град Скопје и мислење на градоначалник по пет часовна расправа, продуктивна, сега знаете секогаш може да има и поинакви дискусии, беше усвоен заклучок со гласање од страна на мнозинството членови на Совет со кој што се задолжи градоначалник да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар, тарифата за изминат километар на приватните превозници, тврди Славески.

Тој посочи дека е факт оти во меѓувреме, од 2017 година многу работи се променети и нивните барања се оправдани и го изнесе својот став дека одлуката била донесена.

- Во моментот на гласањето некаде околу една минута, јас ја молев службата да ги изброи гласовите, стоеја советниците тоа може да се види од снимката со дигнати раце и тие имаа забрана да ги бројат гласовите. Мислам тоа може многу лесно да се провери. Не остана ништо друго, туку јас самиот да избројам. Во меѓувреме нели советниците од СДСМ кажаа дека нема да прават кворум, ќе го растурат кворумот, неуспеаа во тоа, може и тоа да се провери да се изброи, така што донесена е одлуката. Јас тука чекам во мојот кабинет, во мојата канцеларија во Советот на Град Скопје од 17:00 часот, еве сега помина 19:30 часот, да ми се донесе на потпис заклучокот за да го проследам официјално до градоначалникот Арсовска. Уште една опструкција до овој момент, заклучокот не е донесен, јас ќе продолжам да чекам затоа што мислам дека тоа ми е обврска. За ова сакав да ве известам, решен е се надевам еден проблем од страна на советниците, сега треба да постапува градоначалникот Арсовска, рече Славески.

По завршувањето изјавата на Славески, пред медиумите пристапи советничката Ирена Витина за и таа да даде изјава. Славески, на тоа реагираше, но сепак Витина го искажа својот став, дека, како што рече „одлуката не била донесена, оти не биле исполнети деловничките услови“.

- Одлуката не е донесена. Денеска во Советот на Град Скопје се случи грубо кршење на Деловникот, на статустот на Градот Скопје. Се донесе одлука која што не е законска, За да се донесе една одлука во Советот на Град Скопје потребно е да има мнзоинство од 23 советници. Вие бевте сведоци бидејќи седниците се јавни, од сите советнички групи освен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која слепо ги слушаше насоките на претседателот на Советот, имаше негодување дека ние не се согласуваме со заклучокот кој што го предложи Претседателот на Совет, бидејќи иницијативата беше поднесена од советникот Горан, и во таа иницијатива беше побарано да отвориме дискусија, да ги задолжиме службите во Градот Скопје, заедно со нас како советници, заедно со претставниците на приватните превозници и на ЈСП, да се отвори расправа, да се побараат сите релевантни податоци и согласно критериумите да се направи измена која е потребна, за да се утврди точно по методологија, колку треба да се покачи цената за километар за приватните превозници, вели Витина.

Таа посочи дека од страна на мнозинството, на ВМРО-ДПМНЕ, пак, дошле со договорена одлука, пр-стратегија дека носат одлука со која, вели, ќе го спасат Градот Скопје и граѓаните, без да појаснат како дошле до цената од дополнителни 30 денари. Со ова, рече таа, не се согласиле останатите советници, кои побарале да се прекине седницата, а од СДСМ побарале пауза, и процедурално да се обратат, но претседателот на Советот не ги прифатил овие барања, и одлуката неделовнички ја ставил на гласање и била донесена со 17 советници кои биле во салата, наместо потребните 23 советници.

-Јас не можам да се согласам со 30 денари. Што ако цената е помала од 30 денари, што ако е 25 денари, 5 денари малку ни се гледаат, но во сумите кои што се исплаќаат тоа е противправна корист и оштетување на буџетот на Градот, рече Витина и обвини дека со ваквиот однос на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и без согласност од другите пратенички групи кризата само се продлабочува.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Десетмесечно бебе донесено починато во Чаир

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Автобусите на ЈСП полнат гориво од канти?

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

Политичка иницијатива за укинување на Тик-Ток во Македонија

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

ДУИ: Тошковски уапси лице со ментална попреченост

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Четири лица во болница по судар на два автомобили кај Булачани, еден од возачите почина

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание

Албански интелектуалци му пишаа на Уставниот суд: Не дозволувајте политичко влијание

Каранфиловска Панова: Не сум формален член на СДСМ, но статутот дозволува да бидам потпретседател на партијата

Каранфиловска Панова: Не сум формален член на СДСМ, но статутот дозволува да бидам потпретседател на партијата

Град Скопје смета дека доволно е украсено предновогодишно

Град Скопје смета дека доволно е украсено предновогодишно

Ќе му се суди на мажот што ја претепа поранешната сопруга во Љубанци

Ќе му се суди на мажот што ја претепа поранешната сопруга во Љубанци