29 Март, 2024
0.0287

ИМА ЛИ ЈУНАК ШТО ЌЕ ЈА ПОКРИЕ: Ако во семејството имате само еден ученик, синдикалната кошница за август ви тежела над 42 илјади денари

Објавено во: Економија 15 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Синдикалната кошница за август годинава изнесува 34.342 денари, а зголемена е за 214 денари во однос на претходниот за месец јули. 

Но, доколку во семејството има еден ученик, синдикалната кошница за месец август 2021 година изнесува најмалку 42.342 денари, пресметале од Сојузиот на синдикатите на Македонија.

Најмногу пари треба да се одвојат за храна и пијалоци, 14.633 денари, за домување 10.818 денари. За лична хигиена 2.382 денари, а за превоз минимум се потребни 2.529 денари. За култура 1.068 денари и за здравје 736 денари. 

Анализите на ССМ покажуваат дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите  стагнираат.

Трошоците на живот се исто така динамични. Според податоците што ги објавува Државниот завод за статистика, најмногу пораст е забележан ка храна и пијалоци со 1,5 отсто и тоа кај зеленчукот 15,8 проценти, сирењето и урдата 1,1 отсто, месото 0,9 отсто, лебот и житата 0,7 отсто, млекото исто така за 0,6 проценти итн.

„Посебен товар за граѓаните односно на едно четиричлено семејно домакинство овој месец е и почетокот на учебната година за кој според податоците кои се официјално достапни и изнесени во јавност, родителите треба да одвојат најмалку по околу 8 000 денари по дете кое посетува настава во основно или средно училиште“, се вели во соопштението од синдикатот.

Сојузот на синдикатите на Македонија, како што нагласуваат, оправдано во изминатиот период бара минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 отсто од просечната плата, поради тоа што ниту просечната плата, нуту пак две минимални плати не се доволни да ја покријат синдикалната минимална кошница. 

„Ако со ваков интензитет продолжи зголемувањето на трошоците на живот и цени тогаш ниту три минимални плати не би биле доволни да го достигнат растот на Синдикалната минимална кошница“, велат од најголемиот синдикат во земјава.

Ако само просечната плата расте, а минималната плата стагнира односно минимално се усогласува без да бидат прифатени забелешките на синдикатите, ќе имаме тренд на осиромашување на ѓраганите, потенцираат синдикалците.

„Поради се по евидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека НИ ТРЕБА ПЛАТА ЗА ЖИВОТ со која ние  како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница со само една плата“, децидни се во своето соопштение од Сојузот на синдикати на Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа