29 Март, 2024
0.0277

Има и докази, никој не реагира: Опасен отпад се увезува како мазут во Македонија

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Нема кривична одговорност, а ниту една државна институција не се зафати да испитува што точно се увезува во Македонија – мазут или отпад кој ја загадува околината. Додека надлежните се мирни, можно е месечно и по неколку камиони на наша територија да внесуваат штетни супстаниции, погрешно да ги декларираат и најстрашно, да ги продаваат овде како производи кои се согласно стандардите. Во трага на пратката во која според документи имало отпад, а наводно мазут кој заврши во Македонија тргна Код.

Во последната емисија обелоденија дека германскиот камион за кој хрватските цариници во декември лани дадоа забрана за пренос затоа што транспортирал отпад без нотификациски дозволи, стасал во земјава и сега најверојатно се што било внатре е на продажба како мазут. 

Станува збор за пратка која тргнала од Германија од фирмата Бауфилд од Дуисбург. Камионот е со босански регистрации и бил запрен на хрватско српската граница. Цариниците се сомневале дека е мазут, односно утврдиле дека е отпадно масло и дека повеќе фирмата транспортер не смее да врши превоз на ваква стока. А босанската Вит Комерц впрочем веќе неколку пати превезувала за германската компанија. Сопственикот и возач, Ведран Евгениќ за Код рекол дека германската фирма има рафинерии и дека секако превезувал мазут. Тврди и дека оваа пратка завршила во земјава, во Кавадарци. Немал проблеми да помине на граница и овој отпад бил внесен овде. Според документите до кој дојде Код, а кои се лабораториски анализи од хрватска референтна лабораторија сепак во тој камион имало „отпадни масла и отпад од течни горива“ . 


Во доументитте кои ги поседувал возачот пишувало дека тоа е таканаречен „шверол“, ама хрватската инспекција сметала дека германската компанија ги прекршила правилата за превоз на отпад и секако дале забрана – тој отпад не смее да се користи како енергенс.

Според сознанија на Телма фирма увозник за Македонија е РКМ ДООЕЛ. Од Царината за Код изјавиле дека се случувало понекогаш да фатат неправилно тарифирани нафтени деривати, но тврделе дека за оваа пратка количината на сулфур била во граници. Документите на Код го покажуваат спротивното. 


Можеби ќе ве интересира

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра