23 Април, 2024
0.0248

ИМА ДОВОЛНО: На чии пазари ќе заврши македонската ајварка?

Објавено во: Агробизнис 19 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Оваа година во струмичко има доволни количини на произведена пиперка ајварка, и таа освен што ќе биде пласирана на домашниот пазар, ќе биде извезена во Хрватска, Чешка, Полска и Романија.

Ова се земји каде традиционално се бара македонската ајварка. Земјоделците од струмичко велат дека оваа година имаат добро производство, но и цената е добра. Тие се задоволни со цената од 30 денари, а  нагласуваат дека на почетокот на август цената достигнувала и до 60 денари. Овој вид на пиперка се бара во индустријата.

„Пиперката ајварка е евтина за производство и има добар пласман, поради што многу земјоделци ја садат. Во одниос на лани и претходно, нема зголемување, туку засадена е на скоро идентични површини и тоа е така затоа што и од селата има миграција.  Ќе има доволни количини за домашниот пазар, но и за извоз. Шпицот вообичаено е на почетокот на месец септември кога ајварката најмногу се бара и продава. Членовите на нашето здружение имаат засадени 80 хектари со ајварка, а на нив се произведуваат околу 200 тони пиперка. Короната не предизвика никакви промени, единствено откупувачите можат да создадат некакви промени“, вели Борче Јанев, претседател на Здружението на земјоделци Проагро фармери од Струмица.

За разлика од пиперката ајварка, вели дека доматот се помалку го има на нивите затоа што е скап за одгледување и бара повеќе работа.

Додава дека оваа година доматот држи добра цена, но затоа што го нема во доволни количини.

И дождовите кои месецов паднаа, сепак не нанесоа штети на земјоделските култури.

За десетина дена по пазарите граѓаните ќе почнат да купуваат зеленчук за подготовка на зимница.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари