29 Март, 2024
0.0260

Или пат до Скопје или нема гласови на избори: Поречани почнуваат со блокади на патот кон „Јасен“

Објавено во: Македонија 17 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Жителите на поречкиот регион со граѓанска непослушност и протест ќе го изразат своето незадоволство од повеќедецениското нерешавање на прашањето за изградба на регионален пат помеѓу населените места во рамките на Општината Македонски Брод и Скопје. Одлуката ја соопштија преку граѓанските здруженија од тој регион. Протестот ќе биде со неколкучасовна блокада на регионалниот пат 1106 кон шумскиот резерват „Јасен“ и на патот од селото Нова Брезница до браната Козјак. Од Здружението Поречки средби велат дека досега во повеќе наврати поднеле барања до Владата, Генералниот секретаријат, премиерот, како и до ЈП за Државни патишта и до Министерството за транспорт, но проблемот не се решава. 

Објаснуваат дека од Скопје до Самоков сé уште се стигнува само низ резерватот Јасен и тоа во три тремини во лето и два во зима. Траса долга 16,5 километри се вози по пат широк само 2,5 метри, и тоа по распоред од по 30 минути за еден правец. Доколку се задоцни за овие термини, тогаш треба да се возат околу 200 км преку Кичево до Скопје. Ова е вистинска голгота и за оние 800 жители кои секојдневно одат на работа во Скопје, но и за сите жители на овој регион. Во овој крај инаку гравитираат 45 села и 6 викенд населби.

Ние жителите од Поречието се чувствуваме како граѓани од втор ред во државата и излегува дека ниту Владата, ниту институциите не водат сметка за интересите на граѓаните, што е всушност и нивна обврска и затоа се чувствуваме навредени од крајно игнорантскиот однос на институциите кон нас со години наназад. Токму затоa, очекуваме нашето барање да  биде најитно разгледано и прифатено на начин што изградбата на овој регионален пат ќе влезе во програмата на ЈП за Државни патишта уште во оваа година и во најкраток можен рок ќе започне изградбата на патот. Во спротивно ќе ја информираме јавноста за точниот термин на протестот, кој ќе биде уредно пријавен, а исто така најавуваме дека ќе  продолжиме со перманентно организирање протести, велат поречани.

Додаваат дека доколку се игнорира нивното барање за решавање на елементарната потреба на населението од овој регион,  жителите од Македонски Брод ќе ги бојкотираат претстојните локални избори закажани за октомври оваа година, со што ќе го изразат огромниот револт спрема Владата и инситуциите кои мораат, а немаат слух за реалните потреби на граѓаните во насока на подобрување на условите на живот и работа.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема докази дека уапсените за убиството на лекарот во Железара се сторителите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Нема докази дека уапсените за убиството на лекарот во Железара се сторителите

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ЗА УБИСТВОТО ВО ЖЕЛЕЗАРА: До овој момент не се обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека лицата лишени од слобода се сторители на делото

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

СЕ ОГЛАСИ ЛИДИЈА ДИМОВА: Во присуство на Исмајлоска, Заев побара од мене да ја повлечам пријавата за злоупотреба на 2,2 милиони евра

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

(ВИДЕО) Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов рамо до рамо со Христијан Мицкоски

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

„ДУИ мисли на договор со кој цела територија на Македонија ќе се покрие со казина“: Хајредини со остра критика

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ