07 Декември, 2024
0.0283

ИКЕА ЌЕ И ПЛАТИ НА ГЕРМАНИЈА ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА: Илјадници затвореници биле принудени да прават мебел во фабрики во поранешна Источна Германија

Објавено во: Свет 03 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Производителот на мебел и предмети за домаќинството ИКЕА се согласи да плати шест милиони евра на владиниот фонд за обештетување на жртвите на принудна работа под комунистичката диктатура во Германија, потег што активистите се надеваат дека ќе ги поттикне и другите компании да го сторат истото.

Оваа информација првпат беше објавена во шведските и германските медиуми пред повеќе од една деценија, што ја поттикна компанијата да започне независна истрага.

Истрагата спроведена од ревизори од Ернст и Јанг покажа дека затворениците произведувале мебел за компанијата ИКЕА од 1970-тите и 1980-тите.

Во заклучокот од истрагата се наведува дека претставниците на индустријата ИКЕА во тоа време веројатно биле свесни дека политичките затвореници се користат за дополнување на работната сила.

Поранешната Источна Германија беше окупирана од Советскиот Сојуз од 1949 до 1990 година, кој воспостави строга комунистичка држава позната како Германска Демократска Република (ГДР), наведува Си-Ен-Ен.

Десетици илјади нејзини затвореници беа принудени да работат во фабрики, со што областа стана клучна локација за евтина работна сила од која се верува дека имаат корист многу западни компании.

Во соопштението оваа недела, ИКЕА Германија објави дека доброволно ќе инвестира шест милиони евра во нов владин фонд формиран за да обезбеди компензација на жртвите од диктатурата.

Исплатата е резултат на неколкугодишни разговори меѓу германската филијала на компанијата и Сојузот на здруженија на жртвите на комунистичката диктатура (УОГК) - организација која се опишува себеси како тело кое работи на обезбедување правда за неправедно осудените во комунистичката Германија, се вели во соопштението.

- Длабоко жалам што производите за ИКЕА ги произведуваа и политички затвореници во ГДР. Откако тоа стана познато, ИКЕА постојано работи на разјаснување на ситуацијата. Се обврзавме на оние кои се засегнати дека ќе учествуваме во обезбедувањето поддршка. Затоа го поздравуваме формирањето на фондот за помош и драго ни е што можеме да го исполниме нашето ветување - рече извршниот директор и главен советник за одржливост на ИКЕА Германија, Валтер Каднер во изјава за Си-Ен-Ен.

Компанијата ИКЕА е првата што направи ваков потег и беше поздравен од активисти и организации кои се залагаат за жртвите.

Претседателот на УОГК Дитер Домбровски рече дека се надева оти и други компании ќе го следат потегот на ИКЕА, бидејќи многу компании имаат корист од принудната работа на затворениците во комунистичка Германија.

- Откако се дозна дека компанијата е вклучена во принудна работа на затвореници, ИКЕА ја прифати нашата покана за интервју. Заедно го започнавме патот на просветлувањето и ИКЕА им пријде на погодените како рамноправен партнер - рече Домбровски.

Специјалниот претставник за жртвите на ГДР во германскиот парламент Евелин Зупке рече дека должност на ИКЕА е да го поддржи фондот за помош и дека преземениот чекор е израз на одговорен пристап за справување со темните поглавја во историјата на компанијата.

- Не можеме да го поништиме фактот дека затворениците страдаа во затворите на ГДР, но можеме денес да се однесуваме со почит кон нив и да ги поддржиме - заклучи Жупке.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

Во Париз денес се собира светската елита, се отвора „Нотр Дам“

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

ВОВЕДУВААТ РАБОТНА НЕДЕЛА ОД ЧЕТИРИ ДЕНА: Целта им е да го зголемат наталитетот

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

(ВИДЕО) КАДИРОВ МУ ПОНУДИ ПИШТОЛ НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИК: Ги терал и да скандираат „Русија“

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

РУСИТЕ СО КОМЕРЦИЈАЛНИ ЛЕТОВИ ДА ЗАМИНАТ ОД СИРИЈА: Апел од руската амбасада во Дамаск

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост

(ВИДЕО) ОДЕКНАА ЕКСПЛОЗИИ: Украинците го нападнаа Кримскиот мост

МАСКИРАН УБИЕЦ И ИЗГРАВИРАНИ ЧАУРИ, ПОЛИЦИЈАТА ДАВА 10.000 ДОЛАРИ ЗА КАКВА БИЛО ИНФОРМАЦИЈА: Се бара атентаторот на Брајан Томсон

МАСКИРАН УБИЕЦ И ИЗГРАВИРАНИ ЧАУРИ, ПОЛИЦИЈАТА ДАВА 10.000 ДОЛАРИ ЗА КАКВА БИЛО ИНФОРМАЦИЈА: Се бара атентаторот на Брајан Томсон

СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА БОЖИЌЕН ПАЗАР - брза реакција на германската полиција на потенцијален напад

СПРЕЧЕН ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД НА БОЖИЌЕН ПАЗАР - брза реакција на германската полиција на потенцијален напад

ТРАМП СО НОВИНА ВО БЕЛАТА КУЌА: го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и крипто валути

ТРАМП СО НОВИНА ВО БЕЛАТА КУЌА: го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и крипто валути