ИКЕА ГИ ПОВЛЕКУВА ОВИЕ ЧИНИИ И ШОЉИ - има ризик од кршење и изгореници
Објавено во: Балкан 18 Мај, 2021
ИКЕА ги повикува сите купувачи кои набавиле чинии и чаши ХЕРОИСК или ТАЛРИКА да престанат да ги користат и да контактираат со ИКЕА, со цел да им биде вратен целиот износ на средства, се вели во соопштението на компанијата.
„Безбедноста е главен приоритет на ИКЕА и затоа преземаме мерки на претпазливост и се повлекуваме од продажба чиниите и чашите ХЕРОИСК и ТАЛРИКА, бидејќи тие можат да се скршат и потенцијално да предизвикаат изгореници, доколку во нив имало топла содржина. Сите наши производи се тестирани и во согласност со важечките стандарди и законодавство. И покрај тоа, добивме извештаи за кршење на производот“, објави оваа компанија.
Во Србија, клиентите можат да ги вратат ХЕРОИСК и ТАЛРИКА во стоковната куќа ИКЕА во Белград, со цел да им биде вратен целиот износ. Не е потребен доказ за набавка, како што е фактура.
„Се извинуваме за каква било непријатност што може да ја предизвика ова повлекување“, се наведува во изјавата на Икеа.