28 Март, 2024
0.0256

„Играј Одговорно“- кампања на Асоцијацијата на спортски обложувалници за одговорно спортско обложување

Објавено во: Мои пари 09 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Под слоганот „Играј Одговорно“, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) започнува кампања за одговорно спортско обложување. Кампањата има за цел подигнување на свесноста за одговорно спортско обложување и едукација на играчите дека спортското обложување е начин за игра и забава, а не нешто од кое треба да се очекува заработка и егзистенција.

„Програмите за едукација на вработените и играчите за неопходноста од почитување на законите и правилата, за важноста од одговорно спортско обложување и подигнување на свесноста за можните негативни влијанија се дел од стратегијата на АСОМ. Спортското обложување треба да биде начин за забава додека се следи натпреварот на омилениот тим, а не стил на живот или професија со заработка од која би се очекувало финансиско издржување. Со оваа кампања сакаме да укажеме на нашите цели и заложби- безбедно спортско окпружување и играчи без проблеми со обложувањето, грижа за нашите играчи и грижа за општеството во целост. Продолжуваме да создаваме услови за работа и кариера, активно да работиме на интензивирање на соработката со сите засегнати страни, да даваме придонес во носење и унапредување на регулативата, законите и подзаконските акти и секако, остануваме посветени на стратегијата за општествено одговорно делување во заедницата во која работиме“. - истакнува Васко Илијевски, Претседател на АСОМ.


Главните пораки и совети на кампањата „Играј одговорно“ кон играчите се да не се обложуваат со средства кои не можат да си ги дозволат, да не се обидуваат да ја надоместат загубата, да си постават граница за пари и време кое ќе го посветат на спортско обложување, без притоа да ги занемаруваат редовните работни и животни обврски.

Кампањата ќе се спроведува во спортските обложувалници, членки на АСОМ преку едукативни и промотивни материјали, како и на Facebook страницата на Асоцијацијата. (https://www.facebook.com/asom.org.mk).

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е формирана 2013 година, со мисија и цели за проактивно делување во насока на развој и унапредување на игрите на среќа. Игрите на среќа претставуваат силен импулс за државната и локалната економија, учествуваат со 4% во БДП на РС Македонија и придонесуваат со над од 250 милиони евра во државниот буџет. Целата стопанска гранка директно вработува повеќе од 8.000 луѓе, кои поддржуваат речиси 54.000 вработувања во други стопански гранки.

Повеќе информации за Асоцијација на спортски обложувалници на Македонија се достапни на www.asom.org.mk.

ПР-објава

Можеби ќе ве интересира

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира