16 Април, 2024
0.0244

Игор Божиновски: „Во домашната финска сауна го наоѓам потребниот баланс“

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Игор Божиновски е добро познато име во македонската деловна заедница. Електроничар, моделар, изработувач на накит, пилот, нуркач! Но пред се битолчанец и сопственик на брендот „Божиновски часовници и накит“, кој веќе 25 години е синоним за успех и квалитет обединувајќи ги луксузот, убавото живеење и луѓето со стил.

Човек со бунтовна природа, со силна страст за живот, вечно љубопитен дух и немирна природа, зависник од адреналин, ризик и возбуда кои ги носат предизвиците во животот. Токму овие негови атрибути не мотивираа да откриеме една од тајните кои му помагаат да истрае во сите животни ангажмани.

“Интензивниот живот и сите секојдневни предизвици ми наметнаа потреба да го најдам потребниот баланс! Балансот го одржувам прку комбинирање на неколку „тајни“ состојки а една од тие состојки е редовното користење на финската сауна, поради бројните позитивни ефекти врз здравјето, за ослободување од стрес, опуштање на мускулите и зглобовите, како и за ефикасно елиминирање на токсините од организмот (детоксикација). Во интерес на времето, мојата рационалност и практичност , сметам дека инвестирањето во мојата домашна сауна е една од најдобрите инвестиции кои се однесуваат на моето лично битисување.

 Веќе 6-7 години користам финска сауна во домот и меѓу моите познати започнав да ја пренесувам пораката за културата на телесната хигиена со една „религиска„ ревност бидејки ефектите врз моето здравје и виталност дефинитивно се очигледни. Потребно е малку простор, трошокот воопшто не е голем- 2 кафиња дневно во следните 2-3 години, ете толку кошта, а претставува вистински благодет за здравјето. Мојата финска сауна ја изведе тимот на македонската компанија Пирин Експорт, за кратко време, квалитетно и крајно професионално и таа е во одлична состојба до ден денес..

За мене поставувањето на сауна во сопствениот дом дефинитивно претставува вистинска долгорочна инвестиција, која ги оправдува повеќекратно вложените средства, нешто што е особено потребно во студените денови. Ја посетувам речиси секој ден, или преку еден ден, тука се опуштам, црпам енергија за сите идни предизвици!

За крај би рекол дека најголемата лудост е да не се живее животот, и да не се ужива во него. Го имаме најголемиот дар, тоа е нашиот живот. Лудост е да не го живееме со полни гради, без радост и возбуда, без ризик и предизвик, и без да уживаме во него! Бидејќи животот не е часовник кој одбројува време туку прекрасен и совршен механизам кој одбројува моменти вредни за паметење”, вели Божиновски.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!