Идните вакцини треба да стигнат до луѓето на кои им е најпотребно, тврди Бил Гејтс
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Јули, 2020
Лековите за Ковид-19 и идните вакцини треба да стигнат до луѓето на кои им е најпотребно, а не кај „оние што платиле најмногу“.
Ова го изјави основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.
„Ако само дозволиме лековите и вакцините да одат кај лицата кои имаат најмногу платено, наместо кај луѓето и местата каде што им се најпотребни, ќе има подолга и неправедно смртоносна пандемија“, вели Гејтс во изјавата за „CNBC“.
Рече дека ни требаат водачи да донесат тешки одлуки за непристрасна дистрибуција на лековите и вакцините, не само врз основа на пазарните фактори.
Бидејќи земјите и компаниите се натпреваруваат кој ќе започне со продажбата на вакцина, се зголемуваат стравувањата дека побогатите нации ќе добијат повеќе лекови од земјите во развој.
Сепак, се верува дека за пронаоѓање на ефективна вакцина ќе се чека до 2022 година.
Францускиот епидемолог Арно Фонтане очекува делотворна вакцина против Ковид-19 најрано во 2022 година.