29 Март, 2024
0.0255

Иднината на пензискиот систем е во приватните пензиски фондови

Објавено во: Мои пари 19 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Економската сигурност во староста е составен дел на индивидуалната благосостојба. Токму затоа, главните двигатели на пензиските системи на светско ниво и понатаму се пензиските фондови, а потоа следат банките, инвестициските и осигурителните компании и резервите на работодавците. Вкупните приватни пензиски средства на светско ниво на крајот од 2017-тата година, достигнаа рекордни 45 билиони УСД од кои околу две третини или 29,8 билиони УСД се средства во пензиски фондови.

Во Северна Македонија реформираниот пензиски систем функционира тринаесет години и сè уште е релативно млад.Меѓутоа, ефектите од реформата во пензискиот систем веќе се евидентни, пред се во поглед на остварување на дополнителен принос на средства кои секој член ги издвојува во вториот столб, задолжителен пензиски фонд или, пак, во третиот столб кој е на доброволна основа.

Новиот начин на осигурување е заснован врз принцип на акумулирање на средства од придонесите на индивидуални сметки кои понатаму се инвестираат и остварениот принос од инвестициите се додава на средствата акумулирани на индивидуалните сметки. Пензиското штедење е долгорочно штедење каде има континуирано зголемување на заштедите. На почетокот, додека осигуреникот е млад, заштедите се мали, но во иднина, кога осигуреникот ќе ја достигне возраста за пензионирање, заштедите се значително поголеми.

Во вториот пензиски столб, според Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) на крајот на минатата година имаше 490.035 членови и времено распределени осигуреници, што значи зголемување на бројот на членовите за 32.769, или за околу 7%, во споредба со 2017-тата година.

Во изминатите 12 години друштвата кои управуваат со издвоените средства, по пат на инвестирање, на членството му заработиле над 200 милиони евра. Имено, од 2006 година уплатени се околу 725 милиони евра, кои заклучно со 2017 година вределе 925 милиони евра. Вложените средства фондовите ги инвестираат во обврзници и во акции дома и во странство и на тој начин остваруваат принос за членството.

Третиот пензиски столб, пак, овозможува дополнително пензиско осигурување засновано на капитализација на уплатените средства. Неговата основна цел е, независно од задолжителното пензиско осигурување, да обезбеди повисок приход по пензионирањето на членовите.

Во развиените земји преку 50% од вработените се осигурани во доброволни пензиски фондови, а кај нас тој процент е се уште мал и изнесува околу 4% од вработеното население. Токму третиот столб, како и други форми на дополнително штедење за пензија, имаат за цел да го амортизира ризикот од продолжување на животниот век на пензионираните членови.

„ Пензиските планови, базирани врз индивидуални заштеди, имаат позитивни ефекти во насока на обезбедување долгорочна стабилност на пензиските системи и сигурност во остварувањето на правата од пензиското осигурување. Ние во КБ Прво пензиско друштво, кое управува со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд, заклучно со септември оваа година, како што веќе објави МАПАС, остваривме раст на средствата на индивидуалните сметки на членовите во задолжителниот пензиски фонд во номинален износ од 6,18, односно реален од 5,57% (седумгодишен раст), како и 5,94% во номинален и 5,34% во реален износ (седумгодишен раст) за членовите во доброволниот пензиски фонд, со што сметаме дека ги исполнуваме очекувањата на членството. Во задолжителниот фонд секој нов вработен е наш потенцијален член, но треба и натаму да се работи како за задржување на постојните, така и за привлекување нови членови. Во доброволното пензиско осигурување има особено простор за раст, каде поради недоволната информираност или едноставно поради немање навика да се штеди на овој начин за посигурна старост, се наметнува потребата Друштвото интензивно да се посвети на поголема информираност и подигање на свесноста за дополнително штедење во третиот пензиски столб“, вели Весна Стојановска, Претседател на УО на КБ Прво пензиско друштво.

Според податоци од годишниот извештај на МАПАС, членови во задолжителните фондови се млади лица, при што најголемиот број се на возраст од 26 до 35 години, додека доброволните членови се малку повозрасни и најголем број од нив се на возраст од 41 до 50 години. Просечната возраст на задолжителните членови е 34 (и за мажи и за жени), а на доброволнитечленови е 45 години (и за мажи и за жени), а на сите членови, просечната возраст е 35 години.

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mkтел. 02 3224 229.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија