19 Април, 2024
0.0266

Идната година ќе јадеме поскапо овошје и зеленчук, еве и зошто...

Објавено во: Македонија, Агробизнис 29 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Во текот на 2022 година на трпезата ќе имаме поскапи зеленчук и овошје за разлика од оваа година. Ова станува сѐ поизвесно.

Поради  климатските промени, поскапувањето на горивата, и општо поради зголемувањето на цените на храната, идната година ќе плаќаме повеќе за купување на овошје и зеленчук. Во последно време сме сведоци на серија поскапувања, кои нема да ја одминат ниту храната која се произведува во земјава. Арбен Халили, претседател на Центар за одржливо земјоделство и рурален развој – ЦЕСАРД, констатира дека овошјето и зеленчукот ќе поскапат и тоа  е неизбежно, затоа што земјава се соочува со суши. 

„Производството кај нас е ад хок, сезонски и непланирано. Поинаку би било кога државата би имала стратегија и би се планирало производството, односно да се произведе онолку колку што пазарот може да апсорбира. Кога поскапува основното средство за производство, а тука се горивата, препаратите, ќе скокнат и цените на сеидбата, работната сила, па и цените на храната. Она што ќе се произведе, ќе биде помалку, но ќе биде поскапо“, вели Халили.

Љубе Пампулески од Здружението на овоштари „Благој А.Котларовски“ од Ресен вели дека до Нова година можно е да има поскапување на јаболката и едноставно купувањето на  јаболка за 40 до 50 денари за килограм во Скопје ќе биде минато. Објаснува дека сега откупната цена на јаболката е ниска и се движи од 10 до 15 денари, а има луѓе коишто овошните насади ги нудат под закуп или на продажба и затоа очекува дека за 50 отсто ќе се зголеми цената на јаболкото во иднина. Дополнително како фактор, кој задава удар на оваа гранка ги споменува и климатските промени.

Сега сме во една критична фаза, и ако се направат пресметки, ние сме нерентабилни. Дел од луѓето нема да бидат во можност да продолжат со производство, а тука игра улога и старосната граница, затоа што носители на дејноста се луѓе на возраст околу 60 години. Репроматеријалите се скапи, а луѓето во средни години не сакаат да се занимаваат со оваа работа“, рече Пампулески.

Објаснува дека онаа храна која ја нема во доволни количини на пазарот, вообичаено држи  цена.

„Цените на храната ќе се зголемат минимално, и проблем е што кај нас производството е стихијно. Ние немаме количини за да го задоволиме пазарот на некоја голема земја, на Германија или  Шведска, туку нашето производство обично завршува во Србија,  а она што се сади на мали парцели, завршува на локалните пазари. Цените ќе скокнат минимално за потрошувачите, а земјоделецот за жал нема да биде побогат, затоа што во старт ќе има поголеми трошоци“, вели економист и поранешен земјоделец од Гевгелија.

Ристо Велков, земјоделец од струмичко изјави дека семињата и ѓубривата се поскапени, а  работна рака има сѐ помалку, и според овие околности, би требало да поскапат раноградинарските култури.

„На крајот понудата и побарувачката ќе ја одредат цената, иако според  поскапувањето на репроматеријалите би требало и производите да бидат поскапи. Ние немаме работна работна рака, и способноста за работа на еден човек од 20 и од 60 години не е иста“, рече Велков.

Тој додава дека времето ќе покаже дали и за колку ќе поскапи зеленчукот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?