29 Март, 2024
0.0276

И во Македонија има спортски клубови што прават профити! Кои се тие?

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Убедливо најуспешна спортска компанија е минатогодишниот европски шампион во ракомет РК „Вардар“ и според остварени приходи и според реализирана добивка. Интересно е што ниту еден фудбалски прволигаш нема профит поголем од 50.000 евра, но затоа такви се два фудбалски второлигаши од источната лига. Во земјава лани имало само осум спортски клубови кои оствариле приход поголем од половина милион евра. Од нив четири се фудбалски прволигаши, а по два се ракометни и кошаркарски клубови

И покрај тоа што Македонија лани го имаше европскиот шампион во ракомет нашиот спорт нема успешен бизнис модел и далеку зад европските спортски компании. Лани најпрофитабилен спортски клуб во земјава е европскиот ракометен шампион. Верувале или не финансиски гледано најуспешни фудбалски клубови се „Брегалница“ од Штип и прилепска „Победа“ кои лани и годинава се натпреваруваат во втората лига – исток.

Ракометниот клуб „Вардар“ од Скопје лани како првак на Европа генерарал приходи од 6 милиони евра што е за 17 отсто повеќе од претходната година. Добивката на спортската компанија на Сергеј Самсоненко лани достигнала 636.000 евра и со тоа РК „Вардар“ е најуспешниот спортски клуб во земјава лани убедливо во сите спортски конкуренции. Нема споредба со негивиот резултат во 2018 година кога клубот годината ја завршил со загуба од 1,2 милиони евра.

Штипскиот второлигаш „Брегалница“ лани е најуспешниот фудбалски клуб (од тие што се регистрирани како компании т.е. акционерски друштва). Лани второлигашниот од Штип, спонзориран и контролиран од штипската компанија Кит Го бил најуспешен фудбалски клуб со добивка од 97.000 евра. Неговиот профит лани е за 10 пати поголем од претходната година. Приходите на клубот лани достигнале 487.000 евра и се за два пати поголеми од претходната година. Големо позитивно изненадување од финансиска гледна точка е фудбалскиот клуб „Победа“ прилепска фудбалска икона. По годините суспензија и забрани полека клубот се врати и дојде до второлигашкиот ранг на натпревари. Лани ова акционерско друштво остварило добивка од 66.000 евра што е неспоредливо подобар резултат од претходната година кога бил во загуба од 125.000 евра. Друштвото лани остварило приход од 295.000 евра што е за 25 отсто помалку од 2018 година.

Меѓу најуспешните спортски друштва лани е уште ракометниот клуб „Пролет“ од Скопје. Ова друштво лани остварило профит оф 93.000 евра што е за фантастични 36 пати повеќе од претходната година. Добивката од 93.000 евра е остварена на приход од 208.000 евра, што е за два пати повеќе од претходната година.

Кои се најголемите спортски компании?

Освен ракометниот европски првак ниту една друга спортска компанија во земјава нема приход поголем од еден милион евра. Најблизу лани бил ФК „Вардар“ од Скопје, најтрофејниот македонски фудбалски клуб кој е во голема финансиска криза. Лани неговите приходи изнесуваат 947.000 евра и се за половина помали од претходната година. Клубот лани завршил со загуба од 2,2 милиони евра! Исто како и во 2018 година.

ФК „Ренова“ од Џепчиште лани има приходи од 653.000 евра и тие се за 56 отсто повисоки од претходната година. Добивката лани е само 4.100 евра. Во оваа конкуренција се уште два прволигаши: „Силекс“ од Кратово и „Работнички“ од Скопје. Кратовскиот лигаш, единствен фудбалски клуб што никогаш не испаднал од правата македонска фудбалска лига, лани имал приходи од 575.000 евра што е на ниво од претходната година. Добивката на друштвото е само 500 евра. Скопскио лигаш лани имал буџет од 571.000 евра и тоа е за 20 отсто помалку од претходната година. „Романтичарите“ лани завршиле со загуба од 240.000 евра.

Двата македонски кошаркарски гиганти, од финансиски аспект, и лани биле „Работнички“ и МЗТ Аеродром. Спортската компанија од Градски парк лани имала на располагање приход од 589.000 евра што е за 20 отсто помалку од претходната година. Завршиле со загуба од 80.000 евра. Што е за 40 отсто помала загуба од претходната година. Ривалот од Аеродром лани имал на располагање 819.000 евра што е за 11 отсто повеќе од претходната година. Завршиле со добивка од 3.000 евра.

И уште еден ракометен гигант, еден од трите македонски најтрофејни клуба. Битолски РК Пелистер Еурофарм кој лани остварил 860.000 евра што е за 54 отсто повеќе од претходната година. Завршиле со добивка од 190 евра. И тоа е за 99 отсто послабо од 2018 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи