Добивај вести на Viber
Владата соопшти дека оваа година повторно ќе биде објавен јавен повик за надоместување до 50 отсто од трошоците за вграден уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.
Субвенционирањето на граѓаните сепак нема да може да изнесува повеќе од 18.000 денари по возило.
Вкупно за оваа намена се предвидени 11.000.000 денари, а јавниот повик ќе биде објавен во третиот квартал годинава по принципот „прв дојден прв услужен“.