19 Април, 2024
0.0332

И министерката Ангеловска анализира дали треба да се одложи даночењето на капиталните добивки

Објавено во: Финансии 03 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

И Министерството за финасии прави дополнителни анализи за тоа дали треба да се одложи оданочувањето на капиталните добивки, кое според измените на Законот за личен доход, треба да стартува од први јануари следната година.

Од Министерството за финансии за Фактор изјавија дека ги разгледуваат сите околности и прават дополнителни анализи од областа на даноците.

Ги разгледуваме сите околности по однос на прашањето и во тек се и дополнителни анализи од областа на даноците. Благовремено ќе се произнесеме со повеќе информации согласно резултатите од анализите“, велат за Фактор од Министерството за финансии.

Вчера истата најава стигна и од вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој рече дека во Владата се размислува да се одложи одночувањето на капиталните добивки. 

Инаку, таа новина беше донесена со измени на Законот за личен доход уште лани кога беше воведен и прогресивниот данок. За тие даночни измени се залагаше поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски, кој ги бранеше со тезата дека на таков начин се реалоцира богатството и се постигнува поголема еднаквост. 

Законот предвидува граѓаните да плаќаат данок и од 15 отсто за диведендите, данок за заштедите кои ги чуваат во банка, ако каматите годишно надминат 15 илјади денари, за  каматите од хартиите од вредност, и данок на каматите од заемите.

„Сакаме да го стимулираме пазарот на капитал, сакаме да го стимулираме развојот на берзата. Доколку тоа е една од мерките коишто треба да се направат за да биде тоа стимулирано, секако ќе разговараме и за таа опција“, рече вчера вицепремиерот Анѓушев. 

Комисијата за хартии од вредност веќе поднела иницијатива до Владата и министеството за финансии за измени и дополнувања на Законот за личен доход, каде бараат одложена примена.

А и брокерите од поодамна апелираат дека треба да се одложи данокот на капитрална добивка, со образложение дека тој негативно ќе се одрази врз пазарот на капитал.

Капиталните добивки се всушност разликата меѓу поскапо продадените и поевтино купените акции на берзата, и за играчите на пазарот на капитал тие се една од главните мотивации за тргување на Берзата. 


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин