17 Април, 2024
0.0266

И костените во Македонија ги зафати „пандемија“

Објавено во: Агробизнис 30 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

И костените во Македонија ги зафати „пандемија“, велат од Институтот за одржлив рурален регионален развој „Бела виста“ од Тетово, објаснувајќи дека дрвјата се на удар на паразити, и треба да се преземат мерки за нивна заштита.

Оваа појава не е нова и трае веќе 40 години, но општеството и државата досега не вложиле напори за заштита на костеновите дрвја. Доколку на болеста не ѝ се застане на патот, со низа мерки и научен пристап, во иднина многу од стеблата ќе бидат уништени, а родот драстично помал. Од „Бела виста“ велат дека имаат програми и проекти со кои можат да помогнат да се санираат штетите и да се создадат насоки за менаџирање на оваа гранка во иднина.

„За колку време паразитот ќе го уништи дрвото зависи од многу фактори, пред сè од отпорноста на самото дрво, колку е големо, од временските услови. Но, за 4 до 5 години паразитот може да го уништи дрвото. Подигање на нови насади нема, затоа што дрвјата ги напаѓаат болести, и луѓето не го гледаат ова како нешто одржливо. Костените се генерално на приватни имоти, а многу мал дел се во државни шуми“, вели Сашо Матовски, претседател на „Бела виста“.

Костените во земјава се концетрирани во најголем дел во тетовско, а помал дел во мавровско и дебарско. Оваа година, имаше за нијанса подобар род од претходните години, а бидејќи голем дел од костените не се извезени во странство, на пазарите за Божиќ ќе има евтини и квалитетни костени. За големиот христијански празник, костените се задолжителни на трпезата.

„Цените по пазарите во Македонија ќе бидат пристапни за граѓаните, но тоа пак не е добро за оние кои ги одгледуваат костените“, рече Матовски.

Климатските промени си го направија своето и создаваат штети на оваа гранка. Друг проблем кој ги мачи сопствениците на костени се крадците многу често им го собираат родот.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?

ПОВЕЌЕ ПИПЕРКИ, А ПОМАЛКУ ДОМАТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ НИВИ: Зошто земјоделците ги намалуваат дел од културите?