20 Април, 2024
0.0271

И Директорот на Македонски Железници - Транспорт си набавил службен автомобил „Агент 007“

Објавено во: Македонија 30 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Директорот на Македонски железници - Транспорт, Аднан Азизи, набавил автомобил „Форд Мондео Титаниум“, објави Алсат ТВ. Овој модел, поради неговите карактеристики и опрема, е популарен меѓу фановите како „Агент 007“ алудирајќи на софистицираните автомобили кои ги вози Џејмс Бонд во филмовите.

Железници Транспорт и во 2021 ќе направи голема загуба, а според бизнис-планот на ова акционерско друштво во државна сопственост, таа ќе изнесува 469.582.000 денари. Претпријатието за железнички транспорт на стока и патници веќе е најголем должник и минатата година ја заврши со долг од 58,4 милиони евра.

Моделот Титаниум Форд Мондео беше набавен и од директорот и заменик директорот на Фондот за здравствено осигурување. Стево Крстевски и Фатон Ахмети потрошија за околу 80 илјади евра.

Новиот автомобил може да го препознае заморот на возачот, да предупреди кога ќе се премине лентата, да се вклучи без клуч, но исто така да може да се паркира и самиот. Тендерската спогодба е потпишана на 22 април и само една компанија се пријавила на јавниот повик. Форд Мондео Титаниум има две илјади кубни сантиметри моторна зафатнина и минимални 147 коњски сили со мотор TDI.

„Договорниот орган е должен да изврши исплата на носителот на набавка во рок од 60 дена од денот на приемот на фактурата во архивата на договорниот орган, на сметката и банката, за што писмено ќе го извести носителот на набавката “, стои во Договорот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите