И ако немате доволно антитела, од вакцината имате заштита - српска лекарка објаснува како е тоа можно
Објавено во: Балкан 11 Април, 2021
Повеќето вакцини влијаат многу добро на создавање заштита кај работоспособното население до 65 годишна возраст, вели српската лекарка-р Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија.
„Постојат поблаги проблеми во категоријата со постарите лица над 70 години, мажи, кои имаат развиено малку послаб хуморален одговор кога станува збор за вакцината на Синофарм. Исто така, се јавува кај други видови вакцини, во помала мера. Посебно внимание ќе посветиме на таа категорија луѓе“, изјави Гњатовиќ за ТВ Вести.
Како што рече таа, планот е да се направи национална студија која ќе се занимава со следење на ефектите од вакцинацијата. Исто така, како што изјави таа, отсуството на антитела не значи дека нема имунитет.
„Антителата се потврда дека е активиран имунолошки одговор. Најлесно се мерат. Отсуството не значи дека нема заштита, клеточниот одговор е многу важен. Отсуството на хуморален не значи отсуство на клеточен одговор“, вели д-р Гњатовиќ и додава дека досега се регистрирани повеќе од 12.000 мутации во коронавирусот.
Професор д-р Дарко Ношиќ, инфектолог, рече дека нема причина вакцинацијата да не биде задолжителна за здравствените работници.
„Задолжително е да бидат вакцинирани против некои други заразни болести, кои се значително помалку заразни, како што е хепатитисот Б“, изјави Ночиќ.
Според него, ситуацијата во Србија е подобра и бројките паѓаат.
„Еден дел од луѓето се заразија, а бројот на вакцинирани расте. Збирот на вакцинирани лица и оние што ја прележале болеста треба да достигне околу 70 или 80 проценти“, рече Ношиќ, кој очекува дека поволниот тренд ќе продолжи и дека мерките може да се „одмрзнат“ за да продолжи животот.
Извор: Блиц.рс