ХРВАТСКИТЕ ГРАЃАНИ НАСКОРО БЕЗ ВИЗА ВО САД: Блинкен ја номинираше Хрватска за безвизен режим
Објавено во: Балкан 03 Август, 2021
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја номинираше Хрватска да се приклучи
на Програмата за ослободување од визи. Ова е важен чекор кон укинување на визите за хрватските граѓани
при влез во Соединетите држави. Бројот
на одбиени барања на хрватски државјани за американски визи е намален
под три проценти во 2020 година, а
тоа е последниот предуслов за укинување на американските визи за
хрватските граѓани.
-Ја номинирав Хрватска да ѝ се приклучи на Програмата за ослободување од визи. Овој чекор кон патување без визи го признава огромниот напредок на Хрватска во исполнувањето на строгите стандарди за земјите учеснички, напиша Блинкен на Твитер. Хрватскиот премиер Андреј Планковиќ на Твитер му се заблагодари на Блинкен за поканата.
Инаку, само Хрватска, Романија, Бугарија и Кипар се земји на ЕУ чии кои имаат визи за САД.