20 Април, 2024
0.0804

Хрватски ученици кои до смрт претепаа професор добија по 2-3 години затвор

Објавено во: Балкан 02 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Хрватските ученици кои до смрт претепаа професор, добија по 2-3 години затвор.

Во Жупанискиот суд во градот Вараждин денеска е изречена пресудата за случајот „Културана“. Станува збор за ученици кои претепаа професор од средно училиште, кој подоцна почина од повредите, јавуваат локалните медиуми.

Ивор Вујасиновиќ, Доминик Жнидариќ, Асја Горски и Иван Горски првично беа обвинети за смртоносните повреди од кои почина нивниот професор Нино Ченгиќ. Мотив за грозоморниот напад било тоа што професорот ги пријавил учениците дека не ги почитуваат анти епидемиските мерки.

Тие првично беа обвинети за „тешко убиство“, кривично дело за кое се предвидени најмалку десет години затвор, но во текот на постапката делото е преквалификувано како „нанесување тешки повреди со смртни последици“. Учениците го собориле на земја професорот, го удирале со раце, нозе и дрвена палка, како одмазда затоа што професорот претходно повикал полиција и ги пријавил дека не ги почитуваат епидемиолошките мерки.

Откако полицајците, на кои не им ја отвориле вратата, си отишле, пријавените веднаш излегле од просториите на здружението, а првообвинетиот Вујасиновиќ со тупаница во главата го соборил Ченгиќ на земја и продолжил да го удира со раце и со нозе, како и со дрвена палка, заедно со останатите обвинети. Судот наведува дека според доказите, ударите не биле смртоносни.

Во соседна Србија професорите го кренаа гласот и бараат помош од државата затоа што учениците ги малтретираат. Во Трстеник дајца ученици се избркани од училиште откако го тргнаа столчето на професорката, по што таа падна. 

Фото: Вараждин.хр

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест