ХРВАТСКИ КЛИМАТОЛОГ ЈА ШОКИРАШЕ НАЦИЈАТА: Добро размислете ако купувате куќа покрај море
Објавено во: Балкан 15 Ноември, 2019
Хрватскиот климатолог Мирко Орлиќ вели дека поради климатските промени, ќе има зголемување на нивото на морето, и поплави.
Ќе има промени, чести, интензивни и долготрајни.
Тој смета дека најтешкото допрва доаѓа до 2050 или 2100 година.
Се очекува дека морето ќе се подигне и до еден метар.
Орлиќ советува два пати да се размисли ако некој во Хрватска сака да купи куќа покрај море.
„Секој би требало да размисли, и шибенско - книнската жупанија прави планови за брегот, и означува каде е ризично, а каде помалку ризично да се купи имот“, вели Орлиќ.
Деновиве во Хрватска имаше поплави, а на удар беа Сплит и Дубровник.