Хрватска има најголем раст на индустриското производство во ЕУ
Објавено во: Балкан 17 Август, 2018
Индустриското производство во Хрватска во јуни се зголеми, издвојувајќи се како најбрзо темпо на раст на месечно ниво во Европската Унија, пишува Poslovni.hr.
Сезонски и календарски скокот е за 4.5% во однос на претходниот месец кога имаше раст од 1.8%.
Неа ја следат Романија со 1.7% и Чешка и Финска со 1.5%.
Пад на месечно ниво во јуни има во Ирска за 8.9%, во Холандија за 1.3%, Унгарија за 1.2%.
Во ЕУ имало благ раст на производството на енергија за 0.5%.
За 2.8% се намалило производството на капитални добра.
фото Poslovni.hr