Хотелска соба каде ноќевањето чини само еден долар
Објавено во: Свет 29 Ноември, 2019
Откако турист од Велика Британија престојот во хотелска соба го пренесувал во живо, сопственикот на хотелот добил идеја.
27 годишниот Тетјуса Иноу почнал да води бизнис во Фукуоки во Јапонија со надеж дека ќе се избори со големата конкуренција.
Сега гостите во хотелот "Asahi Rjokan" можат да добијат ноќевање во собата број 8, за само еден долар, но под услов престојот да го емитуваат во живо на социјалните мрежи.
Но, гостите имаат право на приватност, со тоа што нивните разговори не се снимаат, ниту телефонските разговори.