26 Април, 2024
0.0314

ХИРУРГОТ ЈОТА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА КАРИЛ: Има сериозна повреда на мозокот, донесен е во кома

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Професор Ѓорѓи Јота, специјалист по дигестивна хирургија е хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување и во моментов е во сериозна состојба, велат болнички извори за Фактор.

-Колегата е донесен во кома, со сериозна повреда на мозокот, и веднаш е ставен во индуцирана кома. Нема да го будиме до понеделник, а проценки на состојбата се прават секој час. Првите 24 часа се најважни, велат изворите на Фактор.

Инаку, хирургот Јота е прегазен синоќа на „Водњанска“, содека заминувал од работа од страна на 16-годишник кој возел без возачка дозвола.

За оваа тешка сообраќајна несреќа реакција стигна и од Лекарската комора на Македонија:

-Лекарската комора најстро го осудува вчерашниот инцидент во кој со тешки повреди се здоби д-р Ѓорѓи Јота, хирург и професор на Медицинскиот факултет во Скопје, кој беше беше прегазен од возило на булеварот „Водњанска“ додека го напушташе работното место.  Особено сме згрозени од фактот што сторителот без да пружи и повика помош го напуштил местото на настанот оставајќи го повредениот во тешка, животнозагрозувачка состојба. Ценејќи ја сериозноста на овој случај упатуваме јавно барање до судско-обвинителскиот систем навремено, сериозно и одговорно да пристапат кон решавање на овој случај, а сторителот да биде најостро санкциониран.Искрено и силно се надеваме за позитивен исход од лекувањето на нашиот колега, кој е исклучителен професионалец и кој со години дава огромен и значаен придонес за развој на професијата, едукација на млади лекари и спасување на човечки животи, наведува ЛКМ.

Во соопштението на МВР, пак, се вели дека малолетникот кој ја предизвикал несреќата, не успеал да избега.

-На 25.02.2021 во 20,30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.“Мајка Тереза“ и ул.“Елисие Поповски-Марко“ патничко моторно возило “БМВ Х6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16 годишник удрило во Ѓ.Ј.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот