ХИДРОКСИХЛОРОКИН КАКО ПРЕВЕНЦИЈА, ЦИНК ЗА ИМУНИТЕТ: Трамп редовно ја зема терапијата
Објавено во: Свет 19 Мај, 2020
Лекот против маларија или
според генеричкото име хидроксихлорокин редовно почна да го зема американскиот
претседател Доналд Трамп, кој самиот изјави дека во последните десеттина дена
тој го зема лекот како превенција од коронавирусот
Трамп рече дека според научните сознанија кои стигнале до него лекот е одличен и голем број лекари и останат медицински персонал го земаат исто така превентивно. Истовремено, американскиот претседател зема и витамини и минерали, како што е цинк за зајакнување на имунитетот.