12 Септември, 2024
0.0240

ХЕЗБОЛАХ ДО ИЗРАЕЛЦИТЕ, „СМЕЈТЕ СЕ МАЛКУ, ЗОШТО ЌЕ ПЛАЧЕТЕ МНОГУ“: Непријателот не знае од каде ќе дојде нашиот одговор

Објавено во: Свет 02 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Генералниот секретар на Хезболах Хасан Насрала рече дека непријателот и оние кои стојат зад непријателот „го чекаат нашиот неизбежен одговор, кој не е дискутабилен, тоа е само прашање на време и метод“.

Вели дека конфликтот ја надминал фазата на поддршка и се претвори во поголем конфликт и дека одговорот на убиството на воениот командант Фуад Шукр е неминовен и ќе биде сериозен и намерен.

„Непријателот не знае од каде ќе дојде нашиот одговор, од северна или јужна Палестина, дали еден по друг или во исто време“, рече тој, додавајќи: „Бараме вистински одговор, а не формален.

Според него, „регионот се соочува со голем конфликт кој ќе има последици за иднината на непријателот што некои не ги разбираат“. „Се соочуваме со голем конфликт во кој работите отидоа подалеку од одмаздата за атентатот на Шукр во Бејрут и на шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, во Техеран“, додаде Насрала.

Тој објасни дека атентатот на Ханије во Техеран ја потврдува глупоста на непријателот кој мислел дека Иран ќе молчи за тоа што се случило и рече дека иранските власти чувствуваат дека се нарушени нивниот суверенитет, престиж, национална безбедност и чест.

Им се обрати на Израелците велејќи: „Смејте се малку зашто ќе плачете многу и не знаете во која фаза сте влегле. Ние од фронтот на отпорот преминавме во нова фаза која ќе зависи од реакцијата на непријателот, кој мора да чека одмазда за сите чесни луѓе на нацијата“.

фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Можеби ќе ве интересира

ЗЕЛЕНСКИ ИМА ПЛАН ЗА ПОБЕДА: Откри само дел од она што треба сега да се направи

ЗЕЛЕНСКИ ИМА ПЛАН ЗА ПОБЕДА: Откри само дел од она што треба сега да се направи

ЕРДОГАН БАРА ПРАВА ЗА КРИМСКИТЕ ТАТАРИ: Вели дека Крим мора да се врати во составот на Украина

ЕРДОГАН БАРА ПРАВА ЗА КРИМСКИТЕ ТАТАРИ: Вели дека Крим мора да се врати во составот на Украина

КУРСК: Русија тврди дека вратила под контрола 10 села

КУРСК: Русија тврди дека вратила под контрола 10 села

МИЛИОНИ ГО ИСМЕВААТ ТРАМП - најбизарниот момент од дебатата предизвика хаос на интернет

МИЛИОНИ ГО ИСМЕВААТ ТРАМП - најбизарниот момент од дебатата предизвика хаос на интернет

МОСТ СЕ УРНА КАКО КУЛА ОД КАРТИ - тотален хаос во Дрезден, среде ноќ граѓаните слушнаа силна експлозија

МОСТ СЕ УРНА КАКО КУЛА ОД КАРТИ - тотален хаос во Дрезден, среде ноќ граѓаните слушнаа силна експлозија

Истражување: Богатите земји ги замолчуваат климатските протести, а проповедаат за правата на друго место

Истражување: Богатите земји ги замолчуваат климатските протести, а проповедаат за правата на друго место

ШТО КАЖУВА ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО - кој американски претседателски кандидат подобро владееше на сцената за време на дебатата?

ШТО КАЖУВА ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО - кој американски претседателски кандидат подобро владееше на сцената за време на дебатата?

(ВИДЕО) ОБЈАВИЈА СНИМКА ОД НАПАДОТ: Украинците уништиле уште еден мост во Курск

(ВИДЕО) ОБЈАВИЈА СНИМКА ОД НАПАДОТ: Украинците уништиле уште еден мост во Курск

ЗА ПЕСКОВ ОВА Е КАТАСТРОФА: Во јуни во Русија се родиле помалку од 100.000 деца

ЗА ПЕСКОВ ОВА Е КАТАСТРОФА: Во јуни во Русија се родиле помалку од 100.000 деца