28 Март, 2024
0.0235

Харуки Мураками: Срцата на луѓето се како длабоки бунари, никој не знае што има на нивното дно

Објавено во: Стил 18 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Денеска ве инспирираме од  јапонскиот писател Харуки Мураками. Тој за многумина е еден од најголемите современи романсиери.

Неговиот прв роман, „Слушај го ветрот како пее“, излезе во 1979 година и веднаш ја заработи престижната награда во неговата родна земја. 

Денес, Мураками живее во САД. Неговите книги се преведени низ целиот свет. Секоја од нив се продава во над 2 милиони копии. 

Токму тоа го прави најпопуларниот автор на Земјата на изгрејсонцето. 

1. Кога ќе излезете од бурата, нема да бидете иста личност како претходно. Точно за тоа е самата бура. 

2. Ако ја читаш книгата што секој ја чита, ќе го мислиш само тоа што го мислат сите. 

3. Срцата на луѓето се како длабоки бунари. Никој не знае што има на нивното дно. Вие само може да погодувате од она што повремено доаѓа до површината. 

4. За жал, часовникот тика-така, часовите ги нема. Минатото се зголемува, иднината се намалува. Можностите стануваат се помалку и помалку, жалењето - се повеќе и повеќе. 

5. Болката е неизбежна. Страдањето е прашање на избор. 

6. Изгубени можности, пропуштени шанси, чувства кои никогаш нема да се вратат. Сето ова е дел од чувството да се биде жив. 

7. Што и да барате, нема да дојде во форма во која што очекувате. 

8. Сеќавањето на луѓето е горивото, кое тие го горат за да останат живи. 

9. Ако не можете да го разберете без објаснување, нема да го разберете и со објаснување. 

10. За што и да сонуваат, колку далеку и да одат, луѓето не можат да бидат друго, освен самите себе. 

11. Случајните средби прават да се движиме напред. 

12. Најважното нешто што го учиме на училиште е дека најважните работи не се учат таму. 

13. Користете ги вашите пари за работи што може да се купат со пари. Користете го вашето време за работи кои не можат да се купат со пари. 

14. Постојат работи во животот што можете сами да ги направите и работите што можете да ги направите со некој друг. Важно е да бидете во можност да ги комбинирате. 

15. Да ги прифаќаш работите премногу сериозно е сериозно губење на време.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи