Харадинај најави референдум за спојување со Албанија

Објавено во: Балкан 18 Јануари, 2021
Претседателот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај при претставување на изборната програма кажа дека е можно да има референдум за обединување со Албанија.
Харадинај зборуваше за тоа што ќе се случи во Косово за четири или пет години доколку нема напредок.
„Имам прашање за сите вас. Што ќе се случи после четири или пет години ако во Косово нема напредок? Морате точно да разберете зошто ви го поставувам ова прашање. Ако Косово не е пред вратите на НАТО и ако нема либерализација на визниот режим, не постои признавање од членките на ЕУ, ако не сме пред вратите на ОН, што ќе правиме следно, дали ќе прифатиме она што се обидоа да ме убедат, дека Косово е изморено, слабо, дека не може да има војска, енергетска независност, дека треба да го обновиме дијалогот со Србија заради стекнување независност. Дали треба да го прифатам овој епилог? Кој може да го прифати тоа, а ако не го прифати, што тогаш? Мораме ли да прифатиме дека сме во замрзнат конфликт, како што тоа понекогаш го кажува Вучиќ?“, праша Харадинај.
Тој рече дека Косово не може да чека додека другите не се расположени да решат многу отворени прашања.Можеби ќе ве интересира
Rimac автомобили ја поздравија инвестицијата на Порше од 70 милиони евра

18 ПОЧИНАТИ И 417 НОВИ ЗАРАЗЕНИ: Црн ден за Црна Гора

ПАЦИЕНТИ ОД БЕЛГРАД ЌЕ БИДАТ ПРЕНЕСЕНИ ВО КРУШЕВАЦ: Србија брои повеќе од 4.000 заразени

Бразилскиот сој стигна на Балканот, откриен е во Словенија

Зошто Хрватска и ЕУ се губитници во трката за вакцинација, а Србија и Велика Британија победници?

КОИ СЕ СКАПИТЕ ЛЕКОВИ ШТО ВУЧИЌ ГИ НАРАЧА ЗА СРБИЈА - го излечија Трамп, се состојат од антитела и делуваат како пасивна вакцина
