05 Јуни, 2020
0.0376

Харадинај го призна поразот на изборите во Косово, Хашим Тачи исто така со слаб резултат

Објавено во: Балкан 07 Октомври, 2019

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската партија, Рамуш Харадинај, прв излезе на прес-конференција.по завршувањето на вонредните парламентарни избори на Косово.

„Алијансата расте, но тешко е да се добие точен резултат“, рече Харадинај. Според сегашните прогнози, неговата Алијанса има само околу 10 проценти од гласовите.

Врз основа на 80,57 проценти од пребројувањето на гласовите, Движењето Самоопределување на Албин Курти води со 26,91 проценти од гласовите. Според Централната изборна комисија, Демократскиот сојуз на Косово (25.03%) е втор по бројот на освоени гласови, а на третата позиција е Демократската партија на Косово со 21,17%. Српска листа освои 10 мандати, односно целосна победа кај српското малцинство.

Резултатите се сосема неочекувани на предвремените парламентарни избори на Косово и останува да се види како и дали ќе се формира идната Влада бидејќи нема јасен победник.

Од вкупно 120 пратеници од кои 20 се гарантирани за малцинствата по 32 пратеници освоиле партијата ЛДК (Демократски сојуз на Косово) на Вјоса Османи и Движењето Самоопределување на Курти.

Партијата на експремиерот Рамуш Харадинај освои 11 пратенички мандати а 24 пратеници освои ПДК на претседателот Хашим Тачи.


Можеби ќе ве интересира

ГРЦИЈА ПОПУШТА: На бродовите и траектите за 10 проценти повеќе патници

ГРЦИЈА ПОПУШТА: На бродовите и траектите за 10 проценти повеќе патници

СЕ ОТВОРААТ БИЗНИСИТЕ: Грција на 1 јули ќе биде вратена во нормала

СЕ ОТВОРААТ БИЗНИСИТЕ: Грција на 1 јули ќе биде вратена во нормала

(ФОТО) ПОГОДЕН СЕВЕРОТ НА ХРВАТСКА: Паѓаше град со големина на лешник

(ФОТО) ПОГОДЕН СЕВЕРОТ НА ХРВАТСКА: Паѓаше град со големина на лешник

ХРВАТСКА: Цела куќа со базен може да се изнајми за 114 евра

ХРВАТСКА: Цела куќа со базен може да се изнајми за 114 евра

АВИОН СЛЕТА ВО АТИНА: Од 91 патник, 12 позитивни на коронавирусот

АВИОН СЛЕТА ВО АТИНА: Од 91 патник, 12 позитивни на коронавирусот

ЗЕМЈОТРЕС ВО РОМАНИЈА: Eпицентарот северно од Букурешт

ЗЕМЈОТРЕС ВО РОМАНИЈА: Eпицентарот северно од Букурешт

НОВИ ПРАВИЛА ВО ГРЦИЈА: Дистанца меѓу чадорите и ограничен број на капачи

НОВИ ПРАВИЛА ВО ГРЦИЈА: Дистанца меѓу чадорите и ограничен број на капачи

НЕМААТ НОВ СЛУЧАЈ 28 ДЕНА: Црна Гора го победи вирусот

НЕМААТ НОВ СЛУЧАЈ 28 ДЕНА: Црна Гора го победи вирусот

Бугарија го укина карантинот за граѓаните од Македонија

Бугарија го укина карантинот за граѓаните од Македонија