24 Април, 2024
0.0272

Халкбанк со поддршка од матичната банка од Турција ќе го зголеми капиталот за нови 20 милиони евра

Објавено во: Финансии 06 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Халкбанк АШ Турција, како главен акционер на Халкбанк АД Скопје, на 26 март свика вонредно собрание и донесе одлука со која ја поддржа Халкбанк АД Скопје со одобрена докапитализација во износ од значајни 20 милиони евра. Основна цел на оваа докапитализација е зајакнување на банкарскиот капитал во земјата и поддршка на реалниот сектор во земјава, особено годинава кога истиот има потреба за тоа.

И минатата година, со стартот на кризата предизвикана со Ковид-19, Халкбанк АШ Турција експресно одговори на новонастанатата состојба со докапитализација од 20 милиони евра што овозможи Халкбанк АД Скопје да излезе пресрет со ургентно донесени мерки кои се однесуваа на државата и на граѓаните- предвремено плаќање на данокот на добивка за 2020 година, мерки за одложување на плаќање на обврските на граѓаните и стопанството, како и со зголемено кредитирање. Минатата година вкупните кредити издадени од Халкбанк забележаа пораст од 14,10 проценти во однос на декември претходната година, односно во апсолутен износ, растот на кредитирањето беше за околу 101,2 милиони евра. Истовремено и заштедите пораснаа за 18,63 отсто.

„Исклучително сме задоволни што Халк Банка А.Д. Скопје од самиот влез во банкарскиот сектор во Северна Македонија во 2011 година, секоја година е најбрзо растечка банка во земјата. Имавме за цел да создадеме стабилна банка која секогаш ќе биде прв избор во секторот, преку двојно зголемување на бројот на нашите филијали, бројот на вработени и воведување нови и иновативни услуги според потребите на клиентите, и горди сме што успеавме во тоа. Во овие десет години го стимулиравме развојот на банкарскиот систем во земјата, развивме стабилна банка од аспект на капиталот. Обезбедивме одржлив и здрав раст на банката во земјава. Благодарение на искуството на нашата банка, ќе ја зголемиме нашата поддршка и во наредниот период“, изјави Осман Арслан, главен извршен директор на Халкбанк АШ Турција.


Халкбанк е еден од најголемите и најсилни брендови на македонскиот финансиски пазар. Како најбрзорастечка банка на пазарот, Халкбанк АД Скопје е четврта најголема банка на пазарот според активата. Банката, благодарение на успешното работење, 2020 година ја заврши со актива од над милијарда евра, односно со раст од 14 отсто во однос на крајот на претходната година, од кои 140 милиони евра сопствени средства.

„Поддршката која постојано ја имаме од нашата матична банка значи многу за Халкбанк АД Скопје бидејќи овозможува остварување на сите наши планови и активности. Со зголемување на капиталот ќе имаме можност, исто како и досега, навремено и соодветно да одговориме на потребите на реалниот сектор, особено во овој предизвикувачки период. На тој начин докажуваме дека сме цврсто фокусирани кон тоа да ја реализираме нашата стратегија за долгорочен развој во земјава“, изјави Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.


Халкбанк АД Скопје, која годинава одбележува 10 години успешно работење на македонскиот пазар, во овој период неколкупати има извршено докапитализација со поддршка од нејзиниот единствен акционер, Халкбанк АШ Турција. Овие средства, заедно со остварениот профит на Банката кој сите овие години не се издвојува, туку се реинвестира и останува во земјава, се значајна поддршка за финансискиот сектор и економијата на државата.


Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА