Гужва има на два гранични премини
Објавено во: Македонија 04 Август, 2021
Гужва има на два гранични премини каде се чека по половина час.
На граничните премини Табановце и Блаце, за влез и за излез од Македонија, се чека околу 30 минути, а на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Претходно и по 40 минути се чекаше на Богородица и Табановце, во шпицот на летната сезона. Вчера Богородица беше привремено затворена поради пожар во близина.