24 Април, 2024
0.0271

Групацијата Новоматик во Северна Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и Апекс Македонија самоиницијативно ги стопираат угостителските услуги од 23 до 07 часот

Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Како општествено одговорни компании, целосно свесни за сериозноста и ризиците од зголемувањето на бројот на новозаразени од „Ковид-19“, тргнувајќи од неспорниот факт дека врвен приоритет во моментов е заштитата на здравјето на граѓаните и одржување на капацитетите на јавното здравство, Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС, чии членки се Групацијата Новоматик во Северна Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел), Апекс Македонија, ја известува јавноста за следното:

Без разлика што законски определеното работно време во индустријата за организирање игри на среќа е 24/7, како наш придонес во борбата за справување со пандемијата, самоиницијативно донесовме одлука, веднаш да ги стопираме сите угостителски услуги во автомат клубовите и казината со кои ние стопанисуваме. Во наредниов период нема да  се послужуваат пијалаци во периодот од 23 до 07 часот. Сметаме дека со оваа наша одлука ќе им помогнеме на државните институции полесно да ги спроведуваат новите рестриктивни мерки на терен. Ние се решивме на ваков рестриктивен чекор, со цел да се обезбеди максимален ефект од ново воведените безбедносни мерки.

Истовремено, како претставници на реномирани странски компании од земји членки на ЕУ, во нашите објекти се предвидени и најситните детали за заштита од ширење на вирусот и е целосно оневозможено групирањето. Потврда за тоа е фактот дека до сега не постои кластер на заразени  преку наши вработени. Целиот изминат период имавме разбирање за потешкотиите со кои државните институции се соочуваат при справувањето со светската пандемија на „Ковид – 19“. Затоа, свесно се ставаме во служба на јавниот интерес. Казиното „Фламинго“ – Гевгелија го отстапивме за карантин, во јавните здравствени установи дониравме болнички кревети и медицински материјали во вкупен износ од 200 илјади евра. За време на оваа криза ги задржавме сите вработени, иако оваа дејност од 15 март 2020 не работеше цели 100 дена и не остваруваше никакви приходи. Длабоко сме уверени дека ваквиот наш пристап е единствено исправен во услови на вакви предизвици за нашето општество и искрено се надеваме дека ќе помогнеме да се намалат ризиците за дополнително ширење на пандемијата. 

ПР текст


Можеби ќе ве интересира

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!

А1 за сите при пејд корисници на мобилната телефонија - БЕСПЛАТНИ ГИГАБАЈТИ СО А1 ПРИПЕЈД!