20 Април, 2024
0.0492

Групација Триглав во 2020 година: Успешно работење во исклучително тешка година

Објавено во: Мои пари 04 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Покажана издржливост во исклучително тешки услови

Во услови на пандемија на болеста COVID-19 и во средина со ниски каматни стапки во 2020 година, Групацијата Триглав ја покажа својата издржливости финансиска сила. Таа оствари 90,9 милиони евра добивка пред оданочување и зголемен обем на осигурителната премијаво износ од 1.233,8 милиони евра. Групацијата, која во 2020 година повторно беше оценета со висока бонитетна оценка „А“,  обезбеди деловен континуитет, стабилност и фокус на клиентите. Задоволството на вработените и на клиентите, што компанијата постојано го следи, во 2020 година го достигна највисокото измерено ниво.

Издржливост и ефикасно управување со ризици. Групацијата Триглав, во услови на несигурност,коja jaдонесе пандемијата на COVID-19, покажа задоволителен степен на издржливост, подготвеност и прилагодливост кон вонредните услови. Во текот на годината, јавноста беше информирана за проценетото влијание на условитесогласноразлични сценарија, кои што потврдија дека портфолијата за осигурување и за инвестиции на Групацијата се доволно издржливи, а капиталната позиција е соодветна за успешно справување со зголемени ризици. Ниту еден материјален оперативен ризик не се реализиракако последица на пандемијата.

На крајот на годината, вкупниот капитал изнесуваше 870,2 милиони евра (индекс 110), а бруто техничките резервиизнесуваа 3.033,2 милиони евра (индекс 105). Групацијата остана соодветно капитализирана и ликвидна, што е потврдено со повторно добиените високи бонитетни оценки „А“ од страна на бонитетните агенции S&P GlobalRatings и AM Best. Оценките  имаат стабилна прогноза на среден рок. Бонитетната оценка „А“ е една од стратешките цели на Триглав, која му ја обезбедува посакуваната конкурентска позиција на осигурителните, реосигурителните и финансиските пазари и јаодразувафинансиската моќи успехот во работењето.

Профитабилно работење. Според неревидираните податоци, во 2020 година Групацијата Триглав оствари добивка пред оданочување од 90,9 милиони евра (индекс 90) и 73,7 милиони евра нето добивка  (индекс 88). Со дисциплинирано преземање на осигурителни ризици, таа го зголеми делокругот на деловно работење додека внимателно управуваше со трошоците. Неповолната состојба на финансиските пазари предизвика натамошен пад на приходите од камати, а исто така трошоците се зголемија како резултат на долгорочниот гарантиран принос кај осигурување со вградена гаранција. Резултатите од масовните штетни настани беа помалку поволни споредено со претходната година, а на резултатот влијаеа и зголемените осигурително -технички резерви поради тековните деловни услови. Нето-приносот од капиталот беше 8,9%, односно за 2 процентни поени понизок од претходната година.

Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар,изјави: Случувањатаво деловното опкружување и на пазарите на капиталимаанегативно влијание врз нашиот профит, но сепак сме задоволни од деловните резултати. Групацијата Триглав покажа издржливост во исклучително тешките деловни услови, ја задржа финансиската сила и ја докажа способностаза ефективно прилагодување кон промените. Оваа година, финансиските пазари и економското закрепнување остануваат подвлијаниена сеуште непознатите димензии на глобалната епидемиолошка ситуација, поради што продолжуваме да работиме во неизвесно и тешко деловно опкружување “.

Добивката на Групацијата пред оданочување,која што потекнува од осигурително-техничкиот дел на работењето, се зголеми за 7 проценти(76,5 милиони евра), додека профитот од финансиските инвестиции  на осигурителната дејност и управувањето со резерви се намали за 55 проценти(13,0 милиони евра). Поради поволниот сооднос на уплатени премии и штетни настани, профитот од осигурување на имот се зголеми за 5 проценти, а од здравствено осигурување за 46 проценти. Поради континуираното опкружување на екстремно ниски каматни стапки, Групацијата формираше дополнителни резерви, што резултираше со намалување на профитот во осигурувањето на живот и пензиското осигурување за 85 проценти.

Вредноста на инвестициското портфолио се зголеми за 5%, на 3.496,4 милиони евра. Неговата конзервативна структура не се промени значително, а Групацијатасо активно вложување ги прилагодувашеуделите на одделни инвестициски класи. На овој начин, таа гизадржа соодветната диверзификација и безбедноста на целото портфолио, дополнително го подобри неговиот квалитет и се грижеше за економската усогласеност на средстватаиобврските.

Премиски раст и позиција на пазарот. Групацијата е лидерна пазарот во регионот Адриа, каде што, според податоците за 2019 година, имаше 20,4 проценти удел на пазарот (19,9 проценти во 2018 година). Во 2020 година го зголеми уделот на својот најголем, словенски, пазар за 0,4 процентни поени, односно достигна удел од36,5 проценти. Шеста година по ред остварува раст на премијата, а нејзиниот волумен во 2020 годинасе зголеми за 4 проценти, на 1.233,8 милиони евра. Притоа, ги исполни своите планови и покрај неповолните услови и падот на БДП во повеќето земји во регионот, падот на осигурителните пазари и силната конкуренција. Ги зголеми премиите одосигурување на имот за 4 проценти и премиите одздравствено осигурување за 11 проценти, додека премиите одживотно и пензиско осигурување останаа на нивото од претходната година. Растот на премијата е остварен на повеќето осигурителни пазари, на словенечкиот  беше за 3% и на исто ниво содвижењето на пазарот, а на пазарите вон Словенија изнесуваше4%. И во 2020 година Групацијата продолжи со стратегијата на диверзификација на премијата од географски аспекти во поглед на производи и услуги. Го зголеми уделот на премијата на пазарите надвор од Словенија на 18,2 проценти и го зголеми учеството на другите видови осигурувања,кои штопокрајосигурувањето на имот ја сочинуваат нејзината понуда.

Поволен комбиниран количник. На работењето во доменот на штети, освен масовните штетни настани (невреме со град на три пазари и земјотреси во Хрватска со вкупна проценета вредност од 31,1 милиони евра), влијаеа и условите на пандемија. Вкупниот опсег на пресметани бруто штети  беше за 3 проценти понизок во споредба со  2019 година. Групацијата очекува дека дел од штетите кои не настанале во 2020 година поради помала економска активност или општите ограничувања на движењето на осигурениците, ќе се реализираатво деловната 2021 година. За таа цел, беа издвоени соодветни осигурително-технички резерви. Комбинираниот количникна Групацијата изнесуваше 91,2 проценти и се наоѓашево долниот дел од просечната целна стратешка вредност. Во споредба со претходната година, тој е понизок за 0,3 процентни поени, како резултат на подобрувањето наколичницитеза штети и трошоци.

Управување со имот. Во 2020 година, Групацијата го зголеми обемот на сопственото осигурително портфолио за 6 проценти, на 2.995 милиони евра, како и обемот на средствата на клиентите во заеднички фондови и индивидуалното управување за5 проценти, на 1.156 милиони евра. Со средствата управува друштвото Триглав Склади, коешто управува и со инвестициското портфолио на клиентите на групацијата во рамките на инвестициското осигурување наживот и долгорочните деловни фондови на доброволно дополнително пензиско осигурување. По преземањето на управувањето на заедничкиот фонд АЛТА, сите процедури за интеграција беа успешно спроведени и 110.000 клиентибеа споени под единствениотбренд Триглав. Со удел од 32,9 проценти на словенечкиот пазар на заеднички фондови, Групацијата Триглав е еден од водечките управители сосредства.

Добра контрола на трошоците. Вкупните консолидирани бруто оперативнитрошоцина Групацијата Триглав останаа на нивото од претходната година и изнесуваа 306,7 милиони евра. Уделот на оперативните трошоци за осигурување во бруто полисираната премија исто така се намали во 2020 година, и тоа за 1,1 процентен поен, на 22,1 процент.

Спроведување на политиката за дивиденди. Во 2020 година, во согласност со ставовите на словенечкиот регулатор за осигурување, акционерите на Заваровалница Триглав го одобрија предлогот на Управата и на Надзорниот одбор акумулиранатадобивка за 2019 година да остане нераспределена. Политиката на дивидендите остана непроменета. При нејзиното спроведување, со оглед на околностите, компанијатаги зема предвид разумното управување со капиталот на Групацијата Триглав и нејзината финансиска стабилност, потребата за реинвестирање на профитот во спроведувањето на стратегијата за раст и развој и обезбедувањетона атрактивни дивиденди за акционерите. Со нормализирањето на состојбата во деловното опкружување, Компанијатаќе може дапродолжи со исплата на дивиденда.

Фокусирани на клиентите и насочени кон развој. Групацијата успешно се прилагоди на променетото опкружување и потребите на клиентите. Новите услови дадоа дополнителен замав на целокупната дигитална трансформација воработењето на Групацијата, бидејќи се зајакнаа дигиталната продажба, комуникациските, дистрибутивните канали и алатки, а се зголеми инејзиното  дигитално присуство. Со ваквиот пристап, таа ја зголеми просечната премија по вработен и ја зголеми ефикасноста на трошоците и со поедноставување на постапкитего подобри корисничкото искуството на клиентот. Меѓу достигнувањата се истакнуваат надоградената работаод далечина, доследното спроведување на мерките преземени за ограничување на пандемијатаи заштитата на здравјето на вработените, клиентите и другите заинтересирани страни, обновувањето и воведувањето нови производи и услуги за помош, подобрената обработка на штетни настани и воведувањетовештачка интелигенција во некои процеси.

Групацијата ја консолидираше сопствената продажна мрежа, која  што е нејзин најважен продажен канал,со учество од 73,3 проценти вовкупната полисиранапремија. Во согласност со повеќеканалниот пристап, сопствената продажна мрежа сенадополни со надворешна договорна продажна  мрежа, што придонесе за раст на премиите на одредени пазари. Во согласност со планираната географска диверзификација на работењето за 2020 година, матичното друштвона  Групацијата ги понуди своите услуги за прекугранично осигурување во повеќе од 15 земји-членки на ЕУ. Долгорочните деловни партнерства со Грција и Италија беа проширени и на норвешкиот и холандскиот осигурителен пазар. Таквите форми на деловно работење, кои што во моментов се маргинални во однос на обемот на премијата, од Групацијата се сметаат за важни од развоенаспект.

Посветеност на одржливоста (ESG). Остварувајќи ја својата мисија за градењепобезбедна иднина, Групацијата Триглав ја постигнува својата ориентација на одржливост. На крајот на 2020 година, ги надгради своите напори по прашањето на одржливост со усвојување на формален акт, Заложба за одржливост на Групацијата Триглав, која што сеопфатно ги дефинира насоките на нејзиниот развој во областа на заштитата на животната средина, социјалната политика и управување (ESG).

Претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, додаде: „Минатогодишните настани потврдуваат дека стратешките ориентации на Триглав се добро поставени, дека се развиваме во зацртаната насока на модерна, иновативна и динамична осигурителна и финансиска групација, која останува цврсто на водечко место во Словенија и во поширокиот регион. Врз основа на веќе спроведените стратешки активности и во согласност со планираното, работевме континуирано, доверливои на сите пазари се фокусиравме на клиентите, кои ја оценија нашата работа со највисока оцена на задоволство досега. Притоа, свесни сме дека нашиот тим од повеќе од 5.300 вработени е главниот темел на нашиот успех. Заедно, постојано ги развиваме понудата, процесите и организацијата, со цел подобро да се грижиме за нашите клиенти, за нашите партнери. Во исто време, заедно ја развиваме нашата култура во агилна и спремна на соработка, што се рефлектира и во мерењата на задоволството меѓу вработените. Би сакал да им се заблагодарам на нашите клиенти и акционери за укажаната довербата и на моите колеги за нивната посветеност и труд во овој предизвикувачки период “.

Повторно именување на членка на Управата на Заваровалница Триглав. Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав, на 2-римарт, 2021 година, на предлог на Работничкиот совет, за член на Управата - директор за човечки ресурси на Заваровалница Триглав,повторно ја именуваше Марица Макотер. Нејзиниот нов петгодишен мандат започнува на 23 декември, 2021 година.



[1]Информациите се врз основ на неревидирани податоци за работење на Групацијата Триглав и на Заваровалница Триглав во 2020гИзразените индекси, односно бројчаното споредување покажуваат споредба во однос на 2019 година.

[2]Неревидирани податоци

[3]Пресметана бруто премија на осигурувањекоосигурување и реосигурување

[4]На последен ден од годината


ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга