27 Октомври, 2021
0.0245

ГРУЕВСКИ ОТВОРИ ФИРМА ЗА ПРОДАЖБА НА ПОРЦЕЛАН, СТАКЛЕНИ ПРОИЗВОДИ И ПРОИЗВОДИ ЗА ЧИСТЕЊЕ: Ја регистрирал на 15. јули во Унгарија

Објавено во: Македонија 28 Јули, 2021

Поранешниот премиер Никола Груевски, отворил сопствен бизнис со керамика во Унгарија, пишува денеска унгарскиот портал 24.ху. Според наводите на медиумот, неговата компанија  ИЦИЦ Кфт, е регистрирана во Пецел, предградие на Будимпешта на 15. јули и тој е директор и основач на компанијата.

-Нејзина главна активност е бизнис менаџмент и бизнис консалтинг, но фирмата се занимава и со продажба на големо на порцелан, стаклени производи и производи за чистење. Иако се знае дека Груевски живее во Унгарија, тој ја дал скопската адреса како седиште, а адвокатот Каталин Хорнјик е регистриран како овластен правен застапник, пишува порталот.

Освен информацијата за новоотворената фирма на Груевски, унгарскиот портал прави ретроспектива на професионалниот ангажман на екс-премиерот Груевски напоменувајќи дека тој работел во Балканска Банка, Македонската берза, соработката со унгарски Матав, дека бил министер за финасии и дека негов проект е кампањата „Купувајте македонски производи“.

-Но тој не си купуваше за себе само македонски производи, туку и Мерцедес“, пишува порталот и додава дека поради тој случај избега од Скопје, а беше осуден на двегодишна затворска казна. Груевски купи блиндирано возило со државни пари и беше обвинет за корупција“, наведува 24.ху.


Можеби ќе ве интересира

Нови правила за влез во угостителски објекти од 15 ноември

Нови правила за влез во угостителски објекти од 15 ноември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта порачува дека нема причина за загриженост, а опозицијата стравува дека ќе има рестрикции на струја

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта порачува дека нема причина за загриженост, а опозицијата стравува дека ќе има рестрикции на струја

Ќе важат и гласачките ливчиња на кои нема печат

Ќе важат и гласачките ливчиња на кои нема печат

Симоновски за изгорените бараки: Материјалите се лесно запаливи, станува збор за ламперија, преградни ѕидови, шпер плоча

Симоновски за изгорените бараки: Материјалите се лесно запаливи, станува збор за ламперија, преградни ѕидови, шпер плоча

Преземени се мерки против наставникот кој тепаше ученик во училиште во Бутел

Преземени се мерки против наставникот кој тепаше ученик во училиште во Бутел

Пациент истепал вработен во Психијатриската болница Демир Хисар

Пациент истепал вработен во Психијатриската болница Демир Хисар

Димитриевски: Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази

Димитриевски: Градскиот стадион ќе добие целосно нов лик, со реконструкција во неколку фази

(ФОТО) Горат бараки во Градски Парк

(ФОТО) Горат бараки во Градски Парк

Весковски: Стопирана изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци, со одлука на Влада

Весковски: Стопирана изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци, со одлука на Влада