Груевски не е добредојден за унгарската опозиција?
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2018
Унгарската опозиција се противи криминалци да се примаат во земјата.
Опозициската Демократска коалиција, како што пренесоа дел од медиумите, реагираше дека нема да дозволи Унгарија да прикрива криминалци, па дури и ако се пријатели на премиерот, Виктор Орбан. Екс премиерот на Фејсбук денеска соопшти дека е во Будимпешта и ќе бара политички азил, тврдејќи дека добивал закани по живот.