Груевска Маџоска: Се откажуваме од се она што не прави посебни
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020
Jaзикот ни го нарекуваат северномакедонски, и не нарекуваат Северно Македонци, изјави професорката Симона Груевска Маџоска во „Само вистина“ на Канал 5.
„Се откажуваме од се она што не прави посебни“, вели Груевска Маџоска.
Таа ги отфрли како апсурдни сите изјави од бугарска страна кои го негираат македонскиот јазик. Потенцира дека она што ни беше прикажувано како голем успех, е неуспех, пораз на дипломатијата и дека се нанесени огромни штети кои тешко дека ќе се исправат.
„Нема иднина без историја“, рече таа.
Вели дека јазикот е лична карта на еден народ, и без него нема идентитет.
Груевска Маџоска вели дека она што го прави Бугарија не се европски вредности, напротив поради такви провокации се создаваат анимозитети меѓу народите, и тоа е најлошото нешто што се случува на Балканот.
За бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева изјави дека треба да се засрами за изјавата дека треба да бидеме блиски како Шпанија и Латинска Америка и дека таа нема познавања од лингвистика.