19 Април, 2024
0.0269

ГРУБИ УШТЕ МОЛЧИ ЗА ПЕТИЦИЈАТА ПОТПИШАНА ПРОТИВ НЕГО - го обвинуваат за арогантно и дилетантско однесување

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Заменик премиерот Артан Груби засега нема коментар околу писмото на кое се потпишани 20 истакнати членови на партијата, а со кое тие бараат се бара од лидерот на ДУИ, Али Ахмети да најде решение за да се врати единството во партијата.

На фејсбук профилот на Груби нема коментар околу најновите збиднувања во партијата.

Последната објава е од 22 септември, од промоција на едн книга.

Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети, Висар Ганиу, Ејуп Адеми, се меѓу потписниците кои директно го обвинуваат првиот вицепремиер Груби за самоволие.

Практично, меќу потписниците се двајца пратеници, заменик-министер и двајца градоначалници. И двајцата потпишани пратеници – Изет Меџити и Мерита Колчи Коџаџику, се од Чаир, општината од која доаѓа и вицепремиерот Груби. На реакцијата може да се види и потписот на Башким Хасани, заменик-министер за одбрана, кој доаѓа од Гостивар. Важи за човек на Невзат Бејта, кој исто така е потпишан на петицијата.

„Во ДУИ веќе нема дебата и консултација со партиската база. Кадровските решенија се привилегија само на Артан Груби. Речиси две години нема отчет за работата на Владата и политичката програма. Поради нефункционалноста на организациониот живот на ДУИ, констатираме дека има пад на поддршката за партијата (доказ се последните избори во Тетово). Арогантното и дилетантско однесување на извршната власт на чело со Артан Груби, предизвика незадоволство, револт и пасивност на структурите и гласачите“, пишува во писмото.

Потписниците бараат политичка дебата внатре во партијата за надминување на оваа состојба и одговорност и отчетност од носителите на извршната власт.

Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне