Гром уби 13 момчиња во камп
Објавено во: Свет 17 Септември, 2019
13 момчиња загинаа во удар на гром во Јужен Судан.
Групата момчиња подигнале камп од колиби во мочуриштето на островот Акус во државата Џонглеи.
Тие биле дел од групата од 50 млади луѓе кои спиеле во колиби од трева, подготвувајќи се за традиционален ритуал во борење.
Молњата удрила во една од колибите, каде спиеле 18 млади луѓе, при што само петмина успеале да избегаат.