19 Април, 2024
0.0351

ВКРСТЕНО ИНТЕРВЈУ СО МАРТЕНС И НАУМОВА ГРНАРОВА

Грнарова - стопанственици не доаѓаат на закажан состанок, Мартенс - за да станат добавувачи треба поголема ангажираност

Објавено во: Економија, Интервјуа 24 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Некои македонски компании не доаѓаат и на закажан состанок со странска компанија на која може да и се потенцијален добавувач. Има незаинтересираност и недоволна едуцираност за тоа како да се зголеми присутноста на македонските фирми на странските пазари, вели Марта Наумова Грнарова во разговорот за Фактор. Таа е претседател на Асоцијацијата на метална и електро индустрија, а во очи на бзнис настанот Macedonia Manufacturing Expo, во чија организација е вклучена, Грнарова очекува состаноците со германските компании сега да резултираат со договори за идна соработка. Партик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство вели оти има силни очекувања од настанот во чија организација исто така учествуваат. Самиот вели оти македонските компании недоволно се ангажирале да се претстават на странските пазари, а на саем во Германија македонскиот штанд не изгледал баш привлечно. Годинава настанот ќе се организира по трет пат и негова цел е поврзување на домашните компании од металната и електро индустрија со купувачи од други земји, како и  со странските директни инвеститори во земјава.

Кои се конкретните очекувања и што ви покажа искустувото од претходните два?

Марта Наумова Грнарова: МАМЕИ – Асоцијацијата на метална и електро индустрија од појавувањето и од самото формирање, пред пет години како главна цел имаше зацртано зголемување на соработката помеѓу домашните компании, јакнење на секторот и излегување на странски пазари. Организирањето на ваков настан кој ни е како централен настан беше од големо значење. Од лично искуство и од искуство на други компании, посета на саеми да, но тоа е еден долг процес и скап, а некогаш е без резултати. Овие бизнис форуми се поконкретни и се базираат на претходно договорени состаноци со компании кои бараат добавувачи. Се организира значи по трет пат, се надеваме дека ќе продолжи да биде традиција. Интересот е се поголем. Оваа година добива и регионална нота, па имаме компании од Косово, Албанија, Црна Гора, Србија, а од Грција ќе има претставници и од страната на добавувачите и на купувачите.

Какво е искуството, очекувате ли конкретни зделки?

Наумова Грнарова: Апсолутно. Веќе имаме резултати од минатата година. Имено имавме 60 домашни и 40 странски компании и имавме позитивен фидбек. Од студијата што ја направивме произлезе дека има конкретни зделки во вредност од 500 илјади евра, што за почеток не е лошо имајќи в предвид дека треба доста време за да станете добавувач на некоја компанија. Најглавно, оваа година за прв пат го органзиараме настанот со Германската стопанска комора и се надеваме дека нивното присуство и партнерство ќе даде и подобри резултати.

Во македонската економија, ако се гледа надворешениот сектор, клучен проблем е што домашните компании не се присутни на странските пазари и тешко го пробиваат патот. Каков е потенцијалот и како да се смени, каква стратегија е потребна?

Наумова Грнарова: Тоа не е едноставен процес. Македонските компании треба многу да работат. Една од нашите цели е тие да се едуцираат заради подигнување на свесноста дека повеќе не функционира локален или регионален пазар и да сфатат дека ако сакаме да опастнеме мора да се нудиме на странски пазари или да нудиме иновативни производи. Целта на настанот е токму тоа. Инаку форумот ќе биде во два дена. Првиот е за различни теми поврзани со производството. Се потрудивме да ги покриеме сите аспекти, сите различни теми бидејќи патот од желба да се извезува до реализација е долг и има работа. Добрата страна е што македонското стопанство во последниот период се отвори и ние се отворивме и како земја. Имаме одлив на кадри, сега полесно се патува и се прилагодуваме. Треба во следниот период да се работи на зголемување на конкурентноста. Најдобар тест и прв чекор кон тоа е да се биде добавувач за некоја странска компанија.

Кои се очекувањата? Има ли потенцијал македонското стопанство?

Мартенс: Јасно е дека на македонските компании им е тешко да излезат на странските пазари и да ги продадат своите услуги и дејности на германските инвеститори кои произведуваат во Македонија. Овие германски инвеститори имаат партнери од целиот свет со кои долгорочно соработуваат. Тие конкурираат преку разни тендери и добива тој што ќе понуди подобри услови. Мислам дека е добро е да остварат соработка со германски компании со средна големина. Не мора да се само од автомобилската индустрија, затоа што во германската економија има многу компании со кои може да се соработува. Она што сметам дека е важно за стопанството – тоа е двонасочна улица. Државата да се фокусира да носи нови странски инвеститори, но и да ги поддржува домашните компании да излегуваат на саеми, да се претставуваат.

Ние како Делегација на германското стопанство организираме настан за претставување на добавувачи фирми од Македонија, Косово и Албанија и досега сме споиле 20 компании од овде со германски фирми.

Македонските компании треба едноставно да се отворат и преку настапот на саеми да видат како ќе се претстават. Само да кажам дека настанот во Хановер учествуваа неколку македонски компании, а тој насатан делумно беше поддржан од државата. Мој впечаток е дека македонскиот штанд не можеше да се спореди со штандовите од Србија и Хрватска, на пример. Претставувањето сепак треба да е соодветно ако се среќавате со интернационални добаувачи. Треба да изгледа привлечно и професионално и така ќе ги зголемат шансите за извоз.

Наумова Грнарова: Мора да се вклучам овде. Да, реалноста е таа и прифаќам секаква критика, но мора да сме свесни дека сме премали како земја. Еден штанд кој чини убаво, чини многу. Не можеме да го направиме тоа, но можеме да бидеме поинтелегентни и да го направиме како што треба.

На првата Иницијатива за Западен Балкан, која беше во 2015 година со иста цел да се најдат компании добавувачи од Македoнија имаше само една фирма. На истиот настан од соседните земји, дурии од Босна имаше по неколку десетици фирми. А за да си присутен треба да си одбран затоаштоима и претселекција. Мене не ми беше пријатно чувството, но тоа беше мотивација плус како да го подобриме ова. Годинава бевме десет компани што е секако успех.

Споменвате, Босна, Србија, Босна. Кој е конкретниот проблемот?

Наумова Грнарова: Македонските компании немаат доволно тимови кои ќе се занимаваат со маркетинг. Немаат доволно човечки ресурси. Треба повеќе предуслови за да си присутен. Тоа чини и пари и е инвестиција, но ова мора да е дел од стратегијата за успех и за профит. Компаниите мора да се позаинтересирани оти верувајте ние сме имале и договорени состаноци, па македонските компании не се појавувале. Сме договарале состанок со Ербас, за нив вреди да се седне во авион и да се потрошат 500 евра, па не доаѓале. Прашање е на подготвеност и на свесност. Сега работите се менуваат.


Мартенс: Она што е важно за присуството на саеми е дека не мора да значи дека од првиот саем ќе се најдат деловни партнери гарантирано. Некои од компаниите од Германија се појавуваат секоја година и набљудуваат кој од странските компании се појавува често. Настапот на саем не е еднократна задача, треба да има континуиет. Инаку радува што интересот за Macedonia manifacturing Expo расте и се повеќе германски компании сакаат да дојдат и да присуствуваат. Јасно е дека на македонските компании им е потребна финансиска поддршка за да имаат добар штанд, но сметам дека е важно да знаат дека преку настапот на тие саеми најлесно ќе најдете деловни партнери кои ќе ви бидат долгогодишни добавувачи. Од друга страна во земјава банките имаат добра банкарска политика и можат да им дадат на компаниите поволни кредити кои ќе им значат и за настапот таму.

Наумова Грнарова: Инаку новина е што настанот сега е дводневен и што има и експо зона каде што и домашните и странските компании ќе имаат можност да го покажат своето присуство. Имаме потврдено повеќе од 20 интернационални компании. Првиот ден ќе има панели на тема финансии. Друга важна алка е логистиката која исто така ќе биде дел од темите кои ќе ги опфатиме. Ние земјите од Балкан сме во незавидна положба во однос на европските компании.

Вториот ден има неколку работилници од германските компании и главниот панел е за дуалното стопаснтво затоа што работната сила е исто така една горлива тема. Ќе има интересен панел кој ќе се занимава со престојната рецесија во автомобилската индустрија и како тука да се најде шанса за некои помали и пофлексибни фирми да се вклучат во тој ланец. Централниот настан се „би ту би“ состаноците. Сакаме да имаме барем 400 состаноци кои ги имавме лани, што е навистина многу.

Мартнес: Она што е особено важно за извозот е и квалитетот на производството и кадарот. Делегацијата на германското стопанство го  води проектот дуално стручно образование. Претежно во германските компании, но и домашните компании имаат потреба од техничари и инженери. Барањето на овие два профила е доста големо и децата кои се талентирани имаат одлична можност да најдат работа. Германија, германската комора за индустрија и трговија ни помага во овој проект и за две години успеавме да потпишаме договори со 10 компании во Северна Македонија и тоа во пет града – во Прилеп, Кавадарци, Велес, Охрид и Битола. Станува збор за два профила – мехатроничар и машински техничар. Испративме ученици оваа година кои ќе се школуваат в овие профили. Ова е долгорочен процес кој нема да им се исплати на компаниите веднаш, ќе треба да почекаат 10 до 20 години. Но ги едуцираме компаниите. За десетина години ќе имаат едуциран и работно искуствен кадар.

Во земјава извозот го креираат во најголем дел компаниите со странски капитал, а според истражувањата само дваесетина компании од вкупно над 50.000 имаат најголемо учество во вкупната вредност и во извозот. Како да се промени оваа слика?

Мартенс: Овие 20 компании ќе продолжат да инвестираат во Макеоднија. Дополнително ќе дадат придонес во зголемување на извозот. Очекуваме и нови инвестиции кои би се вклучиле во тие 20. Трговскиот волумен меѓу Македонија и Германија е 4 милијарди од кои 3 милијарди евра ние извезуваме во Германија. Очекувам во следните години да достигне шест милијарди евра.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет