28 Март, 2024
0.0260

ГРЦИТЕ ПОПУШТААТ: Aнкета открива какво решение за граѓаните е прифатливо

Објавено во: Балкан 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во Грција 56,5 проценти од граѓаните се против терминот „Македонија“ да биде дел од решението за името, покажува истражувањето на агенцијата „Капа рисрч“ напревено за грчката ТВ Алфа. 

Но, овие податоци покажуваат големо намалување на отпорот на Грците кон терминот „Македонија“, затоа што истражување на солунскиот универзитет објавено во весникот Катимерини пред само еден месец покажуваше дека 72 проценти од Грците се противат во решението да има и збор „Македонија“. 

Според новото истражување, 40 % од Грците мислат дека решение без „Македонија“ во името не е можно. Грчките медиуми пишуваат дека преговорите за името влегуваат во клучна фаза. Весникот Катимерини анализира дека позициите на Атина во грчката нацрт спогодба се горе-долу познати и вклучуваат седум точки, а за три од нив постои договор, „за името (веројатно „Горна Македонија“), за акронимите и за иредентистичките наводи“. 

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас денеска ќе пристигне во Скопје. 

Стејт департментот укажа дека САД се надеваат на брзо решeние на долготрајниот спор со името.

„Се надеваме дека лидерите на Македонија и Грција ќе постигнат заеднички прифатливо решение во интерес на евроатлантските интеграции, економскиот просперитет, мирот и безбедноста во регионот“- стои во изјавата.

Изјавата од САД доаѓа во пресрет на закажаната средба на министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, со посредникот на ОН Метју Нимиц, на 30 март во Виена. Средбата е уште еден обид за приближување на ставовите за изнаоѓање прифатливо решение за спорот со името.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВЈОСА ОСМАНИ: Формирањето на ЗСО не се бара од Косово пред приемот во Советот на Европа

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик

ВУЛИН: Ќе се обидат да донесат резолуција дека Србија е геноцидна и да го уапсат Додик