ГРЦИТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА СЕЗОНАТА: Германците први ќе допатуваат
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 27 Мај, 2020
Грција ги очекува Германците, Кипарците и Израелците.
Tие ќе бидат првиот бран туристи кои ќе допатуваат во земјата.
Јужниот сосед ќе им овозможи на патниците од скоро 20 земји, вклучително и Германија, Кипар и Израел, да влезат од средината на јуни. При тоа, нивните граѓани нема да мора да бидат ставени во карантин, откриваат владини извори нагласувајќи дека се очекуваат првите туристи токму од тие три држави.
Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека Германците ќе може да ја посетат Грција од 15 идниот месец.
Граѓаните на ЕУ – со исклучок на Италија, Шпанија и Холандија сега може да летаат кон Атина, но мора да одат 14 дена во карантин.
Од 25 месецов, кафулињата и рестораните во Грција работат.
Но, во повеќе региони вчера имаше невреме, при што беа погодени и познати летувалишта.