ГРЦИЈА УПАТИ ДЕМАРШ ДО ТУРЦИЈА: Ловеле риби во нивните територијални води
Објавено во: Балкан 20 Септември, 2021
Турција да престане да лови риби од грчките територијални води, реагираше Грција.
Дадов наредба до грчката амбасада во Анкара да достави демарш за нелегален риболов од турските чамци во нашите територијални води, напиша на „Твитер“ шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, споделувајќи го соопштението од грчкото МНР за новиот демарш од Грција до Турција, јави дописничката на МИА од Атина.
Наредбата од Дендиас е „во рамките на гарантирањето на националниот суверенитет и заштита на европското законодавство“ и додаваат дека нелегалниот риболов во грчките територијални води е прекршување на европското право и е „уште едно прекршување на меѓународното морско право од страна на Турција“.
Ова е втор демарш од Атина до Анкара за помалку од 48 часа. Инцидент се случи во саботата. Турски бродови го вознемирувале бродот за истражување „Nautical Geo“.
Односите меѓу двете земји повремено стануваат напнати.