ГРЦИЈА ЌЕ БИДЕ НА ШТРЕК: Ги засега Договорот од Преспа и случувањата кај нас
Објавено во: Македонија, Балкан 21 Октомври, 2019
Грчкиот министер за енергија и животна средина, Костис Хаѕидакис во интервју за грчката телевизија Скај во однос на ситуацијата во земјава, вели дека случувањата во Северна Македонија на некој начин треба да ги држат во одредена будност, jави дописничката на МИА од Атина.
Додаде дека Атина ја поддржува европската перспектива на Скопје.
Повтори дека актуелната Влада не се согласува со Договорот од Преспа, но како меѓународна спогодба мора да ја почитува.
„Не го сакаме договорот, но рековме дека ќе го почитуваме и ќе се бориме за колку е можно повеќе да го подобриме. Но, не рековме дека не сакаме европска перспектива на Скопје. Кажавме дека сакаме под услови и предуслови, доколку Скопје се усогласува со европското законодавство“, вели грчкиот министер.
За тоа дали евентуалниот развој на настаните кај нас би го ставил во опасност Договорот од Преспа, Хаѕидакис објасни дека станува збор за меѓународен договор што е на сила, а тоа ги обврзува и Скопје и Атина.Македонија не доби датум на самитот во Брисел, а на 12 април ќе има избори.
Попис нема да има, иако претходно беше најавено, и следните месеци, земјата влегува во неизвесност.