Грција ги проширува границите на море, Турција ова го смета како „причина за војна“

Објавено во: Балкан 22 Јануари, 2021
Атина ги проширува границите на море, а Анкара е претпазлива.
Грчките пратеници го ратификуваа проширувањето на територијалните води во Јонско Море. Тие усвоија закон со кој територијалните води во Јонското Море се прошируваат од шест на 12 наутички милји. Со проширувањето се потенцира правото на Грција да ја спроведе Конвенцијата на Обединетите нации за права на морето, со која во 1982 година е дозволена ширина на територијалните води од 12 милји.
„За прв пат од Додеканезите (островите) во 1947 година, националната територија е зголемена за околу 10%, со процедури целосно засновани на правилата на меѓународното право“, рече премиерот Кирјакос Мицотакис, обраќајќи се пред парламентот.
Во брзиот одговор на одлуката на грчкиот парламент за проширувањето на територијалните води во Јонското Море, Турција ја предупреди дека проширувањето на водите во Егејското Море ќе го смета за „причина за војна“, бидејќи со тоа, поради густата распределеност на грчките острови, ќе ѝ се блокира пристапот до меѓународните води. Турција „има витални права и интереси во полузатвореното Егејско Море, во кое доминираат посебни географски услови“, изјави портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксој.
Лани односите меѓу двете земји беа затегнати, при што дел од медиумите објавија дека германската канцеларка Ангела Меркел во последен момент спречила војна меѓу Турција и Грција.
Можеби ќе ве интересира
Rimac автомобили ја поздравија инвестицијата на Порше од 70 милиони евра

18 ПОЧИНАТИ И 417 НОВИ ЗАРАЗЕНИ: Црн ден за Црна Гора

ПАЦИЕНТИ ОД БЕЛГРАД ЌЕ БИДАТ ПРЕНЕСЕНИ ВО КРУШЕВАЦ: Србија брои повеќе од 4.000 заразени

Бразилскиот сој стигна на Балканот, откриен е во Словенија

Зошто Хрватска и ЕУ се губитници во трката за вакцинација, а Србија и Велика Британија победници?

КОИ СЕ СКАПИТЕ ЛЕКОВИ ШТО ВУЧИЌ ГИ НАРАЧА ЗА СРБИЈА - го излечија Трамп, се состојат од антитела и делуваат како пасивна вакцина
