24 Април, 2024
0.0278

ГРЦИЈА ГИ ОТКРИ ЗЕМЈИТЕ: И Македоците ќе можат на грчките плажи од 15 јуни

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Нашата земја е меѓу 29-те држави од Европа и светот, за кои од 15 јуни ќе биде дозволено патување во Грција, според листата од Министерството за туризам на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што е веќе познато, за влез во Грција нема да биде потребен тест, туку ќе се прават анализи по случаен избор.

Од министерството за туризам на Грција соопштуваат дека конкретната листа била направена откако бил проучен епидемиолошкиот профил на земјите од каде потекнуваат туристите, биле земени предвид вчерашните соопштенија од Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА), како и соодветната препорака од Комисијата за заразни болести од грчкото Министерство за здравство.

На листата од Министерството за туризам на Грција се следните земји: Албанија, Австралија, Австрија, Македонија, Бугарија, Германија, Данска, Швајцарија, Естонија, Јапонија, Израел, Кина, Хрватска, Кипар, Латвија, Либан, Литванија, Малта, Црна Гора, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореа,  Унгарија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Чешка и Финска.

За земјите кои што не се вклучени во листата, остануваат во сила актуелните правила, додека пак пред втората фаза на отворањето на грчкиот туризам на 1 јули, ќе биде објавена нова листа.

Од Министерството за туризам на Грција, соопштуваат дека „во секој случај, епидемиолошкото следење и оценувањето ќе бидат континуирани“.

Можеби ќе ве интересира

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

ГЛАСАЊЕТО ПРЕКИНАТО НА ТРИ ГАСАЧИ МЕСТА ВО КУМАНОВО - проблеми со електронските уреди, еве ги деталите

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип