Добивај вести на Viber
Полицијата се судри со грчките земјоделци на автопатот Атина-Ламија. За време на најавените протести земјоделци од селото Антили, во централна Грција, се обиделе да го блокираат сообраќајот на автопатот. Полицијата го спречила овој обид, по што штрајкувачите почнале да фрлаат со камења, дрва и портокали, на што полицајците одговориле со гас.
Во судирите биле повредени началникот на полицијата и еден земјоделец, а уапсени се 10 лица, пишуваат грчките медиуми.
Земјоделците протестираат веќе трета недела поради одлуката на грчката Влада да одобри економски мерки со кои се укинуваат даночните олеснувања врз приходите на земјоделците како и заради доцнењето на државни субвенции.