ГРЧКИТЕ ПАРТИИ СЛОЖНИ: Веројатно ќе ја имаат првата дама претседателка на државата
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2020
Лидерот на најголемата опозицска партија во Грција, СИРИЗА, Алексис Ципрас изјави дека неговата партија ќе ја поддржи кандидатурата на Катерина Сакеларополу за претседателка на таа земја.
Објаснувајќи ја ваквата одлука, поддржувачот на Преспанскиот договор, Ципрас вели дека истата е чин на одговорност на неговата партија.
Претходно грчкиот премиер ја предложи Сакеларополу за претседателка на Грција.
Жената која е на повидок да стане првата жена претседателка, во моментов е претседателка на Државниот совет, највисокиот суд во Грција а ќе биде наследничка на Павлополус чиј мандат ќе заврши во март.