ГРЧКИ ХОТЕЛ ИМ НУДИ БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ НА СРБИТЕ - еве која е причината
Објавено во: Балкан 07 Јули, 2020
Грчки хотел им нуди на српските туристи, кои во моментотв летуваат во таа држава, бесплатно сместување, со цел тие да можат да го продолжат своето летување.
„Во знак на добра воља и љубов кон српскиот народ, Апарт хотел, Сарти Ин, им нуди на подарок соби на Србите кои се веќе во Грција, а би го продолжиле своето летување. Понудата важи до 15.07. Прашалниците да се испраќаат на info@sarti-inn.gr“, стои во објавата на фејсбук страницата Nikana.gr, на која што Грци, Срби, но и Македонци споделуваат искуства, информации, но поставуваат и прашања во врска со аранжманите, и воопшто со летувањата во Грција.